Uncategorized
Израел евакуираше 85 отсто од доселениците од појасот Газа
Повлекувањето на израелските доселеници од Газа продолжува денеска, по вчерашниот прекин за сабат.
Повлекувањето на израелските доселеници од Газа продолжува денеска, по вчерашниот прекин за сабат.
Израелските власти стравуваат од повторно избувнување на насилство при планираната евакуација на четирите преостанати населби од 21 еврејски населби во појасот Газа.
Израел евакуираше 85 отсто од еврејските доселеници од појасот Газа, а сите тоа подрачје би требало да го напуштат до вторник по речиси 40 години окупација, објавија официјални извори.
По неколкудневното присилно иселување, во текот на кое доселениците на сила беа иселувани од своите домови, а некои протестанти вооружени војници ги извлекуваа од синагогите.
Гласноговорникот на полицијата Ави Зелба потврди дека се празни 85 отсто од куќите кои некогаш биле домови на 8.500 еврејски доселеници. Околу 1.4 милион Палестинци живеат во густо населените градови и бегалските кампови во појасот Газа.
Силите за безбедност се надеваат дека преостанатите три населби во главниот доселенички блок Гуш Катиф ќе ги испразнат денеска, а населбата Нетзарим утре и потоа ќе се пренасочат на две од четирите населби на Западниот брег кои исти така треба да бидат евакуирани.
В понеделник ќе се евакуира населбата Нетзарим. Според израелското воени радио, војската и полицијата кои заеднички ја спроведуваат операцијата се задоволни со досегашниот тек на иселувањето./крај/хн/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.
Uncategorized
(Видео) Владата ги намали парите за загаден воздух за 50 отсто во споредба со лани, рече Лукаревска и праша кои конкретни мерки се преземени
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница посветена на пратенички прашања го праша министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, за кратењето на буџетските средства за заштита на животната средина и за тоа како Владата планира да се справи со аерозагадувањето кога од година на година ги намалува средствата за оваа намена.
„Во ребалансот на буџетот за 2025 година – заштитата на животната средина како функција на државата има евидентно намалување на буџетските средства за 13,4 % во износ од 868 милиони денари помалку сведувајќи се од 6,4 милијарди на речиси 5,6 милијарди денари за фискалната година. Најголемата промена е во ставката – намалување на загадувањето, каде што првично планираните 3,2 милијарди денари се сведуваат на 2,6 милијарди денари, што претставува приближно 19 % намален буџет, а во однос на претходната година планирано е тој да се намали за 48,2 %, тоа е речиси 50 %“, рече Лукаревска.
Таа нагласи дека е несвојствено да се кратат средства за области кои се рак рана на општеството и изрази загриженост за тоа како ќе се справиме со загадувањето, кој ќе биде третманот за отпадни води, како ќе ја заштитиме природата, каков квалитет на воздухот ќе имаме, како ќе се зајакне надзорната функција на Државниот инспекторат за труд и како ќе се унапредува животната средина.
„Моето прашање е кои конкретни мерки ги преземате како Влада, односно како ресорно министерство во борбата против аерозагадувањето имајќи го предвид фактот дека од година на година со секој буџет и ребаланс на буџетот ги намалувате средствата за справување со овој огромен проблем ?“, праша Лукаревска.
Лукаревска постави прашање и до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за неисполнувањето на обврските од реформската агенда, односно обврските за три реформи, кои се однесуваат на подобрување на деловната клима за малите и средните претпријатија.
Uncategorized
Израелски напад врз училиште во Појасот Газа
Петмина Палестинци загинаа при израелскиот напад врз училиште во квартот Ал Туфа, источно од градот Газа, каде се сместени раселени лица.
Помеѓу загинатите има и деца. При нападот повредени се и повеќе лица кои се хоспитализирани.
Израелската армија соопшти дека неколку осомничени лица се идентификувани надвор од обележаната линија за прекин на огнот и оти отвориле оган врз нив.
Хамас нападот го оцени како „брутално злосторство“ и уште едно кршење на Договорот за прекин на огнот.
Според палестинското Министерство за здравство во Газа, од стапувањето во сила на Договорот за прекин на огнот, убиени се 400 Палестинци.

