Uncategorized
ЕУ нема да објави тревога за птичјиот грип
Европската комисија одби да објави тревога, по одлуката на Холандија да ги стави во кафези сите домашни птици, за да спречи евентуално ширење на птичјиот грип.
Европската комисија одби да објави тревога, по одлуката на Холандија да ги стави во кафези сите домашни птици, за да спречи евентуално ширење на птичјиот грип
Претставник на ЕК изјави нема потреба од таква радикална мерка со оглед дека вирусот не го погодил регионот на Калмикија, во европскиот дел на Русија.
“Последната информација, која ЕК ја доби од Москва е дека нема нови случаи на птичји грип во реонот на Каспиското море, спротивно на тврдењата на одделни медиуми”, рече портпаролот на комисијата Филип Тод.
“Ја следиме ситуацијата, но не сметаме дека има потреба да се крене тревога”, дополни тој.
Според Тод, мерките што Комисијата ги воведе – забрана за увоз на живи птици и птичји продукти од Русија и Казахстан, се доволни и обезбедуваат максимална заштита.
Руската федералната служба за заштита на потрошувачите соопшти минатиот петок дека вирусот на птичји грип се проширил до зоната на Урал и веќе ја погодил републиката Калмикија./крај/бгнес/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.
Uncategorized
Автомобил удри во заштитна ограда кај Градско, повредени две жени
На регионалниот пат Градско-Неготино во близина на мостот на Црна река, автомобил со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.П.(47) од Градско, удрило во заштитна метална ограда.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Н.М.(57), а со телесни повреди се здобила сопатничката Б.П.(45), двете од Градско, констатирани во болницата во Велес.
Извршен е увид.