Uncategorized
Ходорковски размислува да се кандидира за пратеник во Думата
Поранешниот директор на рускиот нафтен гигант “Јукос“ Михаил Ходорковски е подготвен да се кандидира за пратеник во руската Државна дума од Универзитетскиот изборен реон во Москва, јавува Интерфакс.
Поранешниот директор на рускиот нафтен гигант “Јукос“ Михаил Ходорковски е подготвен да се кандидира за пратеник во руската Државна дума од Универзитетскиот изборен реон во Москва, јавува Интерфакс.
“Михаил Борисович Ходорковски има многу сериозен пристап по тоа прашање и доколку биде поддржан од сериозни луѓе, тој ќе даде согласност за својата кандидатура“, изјави Јуриј Шмид, адвокат на Ходорковски.
Според него, ваквата најава може само дополнително да ги зголеми проблемите на Ходорковски, а не е исклучена можноста и затворската репресија врз него да биде засилена.
Лидерот на партијата “Нашиот избор“ Ирина Хакамада изјави дека е подготвена да влезе во иницијативниот одбор за кандидирање на Ходорковски.
“Би сакала во одборот да го видам и лидерот на “Јаболко“ Григориј Јавлински, иако ми е јасно дека Ходорковски никогаш нема да добие пратенички мандат“, нагласи Хакамада.
Михаил Ходорковски издржува повеќегодишна казна затвор во Русија, поради даночно затајување и финансиски малверзации./крај/бг/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.
Uncategorized
Автомобил удри во заштитна ограда кај Градско, повредени две жени
На регионалниот пат Градско-Неготино во близина на мостот на Црна река, автомобил со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.П.(47) од Градско, удрило во заштитна метална ограда.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Н.М.(57), а со телесни повреди се здобила сопатничката Б.П.(45), двете од Градско, констатирани во болницата во Велес.
Извршен е увид.