Uncategorized
Подготвен новиот европски устав
Експертите постигнаадоговор за документот кој треба да има улога на устав на Европската унија (ЕУ).
Експертите постигнаадоговор за документот кој треба да има улога на устав на Европската унија (ЕУ).
„Правните стручњаци денескапостигнаа спогодба, предлогот договорот е подготвен и останува текстот да бидепреведен на сите јазици на членките на ЕУ“, соопшти португалскотопретседателство со Унијата.
Експерти на 27. членки на ЕУ, одкрајот на јули, беа вклучени во обликување на договорот, кој што со многу макаво јуни го постигнаа лидерите на Унијата.
Усвојувањето на документот треба дастави крај на кризата која започна во 2005 година со отфрлањето на европскиотустав на референдумите во Франција и Холандија.
Уставот би требало да биде усвоен насамитот на ЕУ во октомври во Лисабон, по што ќе мора да биде потпишан иратификуван во сите членки на Унијата.
Извори во Брисел, сепак, предупредија на внимателност, не исклучувајќи јаможноста од непријатни изненадувања до самитот.
„Досега се се одвива добро, ноникогаш не се знае“, изјави европски дипломат, кој побара да остане анонимен.
„Останува да се види што ќе сторатземјите со идеите кои беа вон рамките на мандатот“, додаде истиот извор.
/крај/онаса/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Дел од Гази Баба без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од потрошувачите на ул.Панче Пешов бр.1,3,5и7 ( општина Гази Баба ).
Uncategorized
Германија подготвува список на бункери за итни засолништа за цивили, соопшти полицијата
Германија подготвува список на бункери кои би можеле да обезбедат итно засолниште за цивили, соопшти германското МВР.
Ќе се состави дигитална листа на бункери и засолништа за итни случаи за луѓето да можат брзо да ги најдат со помош на апликација за телефон.
Апликацијата е планирана да им овозможи на граѓаните да најдат засолниште за итни случаи на места како што се подземни железнички станици и паркинзи, јавни и приватни згради, објави Гардијан.
Uncategorized
Меркел за Би-Би-Си: Војната ќе почнеше уште порано ако не го блокиравме пристапот на Украина во НАТО во 2008 година
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел изјави за Би-Би-Си дека војната во Украина би започнала порано доколку таа не го блокирала влезот на земјата во НАТО во 2008 година.
Ангела Меркел беше на чело на Германија 16 години, во кои се случи финансиската криза, мигрантската криза од 2015 година и руската инвазија на Украина во 2014 година.
Меркел за време на интервјуто тврдеше дека војната во Украина би започнала порано и веројатно би била полоша доколку Киев го започнал процесот за влез во НАТО во 2008 година.
„Ќе гледавме воен конфликт и порано. Апсолутно ми беше јасно дека претседателот Путин нема мирно да гледа како Украина се приклучува на НАТО. И тогаш Украина како земја сигурно не беше подготвена како што беше во февруари 2022 година“, изјави таа за Би-Би-Си.
Меркел признава дека дипломатските обиди за задржување на руските напади врз Украина не успеале, но инсистира дека тогашната политика била во согласност со европските цели во тоа време.
Покрај тоа, таа ги брани своите одлуки за време на мигрантската криза во 2015 година, што според некои ја направи морален лидер, додека други ја обвинија за зајакнување на екстремната десница.