Uncategorized
Протести во Европа и Азија против воената хунта во Мианмар
Илјадници луѓениз градовите ширум Европа и Азија учествуваа во протестите против военатахунта во Мианмар, која затвори стотина будистички свештеници.
Илјадници луѓениз градовите ширум Европа и Азија учествуваа во протестите против военатахунта во Мианмар, која затвори стотина будистички свештеници.
Како што јавуваатстранските медиуми, демонстрантите од Лондон до Тајпеј извикувале пароли имафтале со транспаренти, а активистите во Мианмар во тишина палеле свеќи и семолеле за убиените и уапсените во суровото задушување на востанието.
Неколку стотицидемонстранти се собраа во Париз пред кинеската амбасада, повикувајќи и набојкот на Олимписките игри во Пекинг следната година.
Демонстрантитебараат Кина да го искористи своето влијание и да помогне во прекинувањето нанасилствата во Бурма.
Кина претходно,како членка на Советот за безбедност на Обединетите нации, ги блокирашерезолуциите со кои се осудуваше акцијата во Мианмар.
Синоќа САД,Велика Британија и Франција со нацрт изјава ја осудија жестоката репресија воМианмар, но за прифаќање на нацртот потребен е консензус од 15 членки.Гласањето би требало да се одржи во понеделник.
/крај/ин/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Дел од Гази Баба без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од потрошувачите на ул.Панче Пешов бр.1,3,5и7 ( општина Гази Баба ).
Uncategorized
Германија подготвува список на бункери за итни засолништа за цивили, соопшти полицијата
Германија подготвува список на бункери кои би можеле да обезбедат итно засолниште за цивили, соопшти германското МВР.
Ќе се состави дигитална листа на бункери и засолништа за итни случаи за луѓето да можат брзо да ги најдат со помош на апликација за телефон.
Апликацијата е планирана да им овозможи на граѓаните да најдат засолниште за итни случаи на места како што се подземни железнички станици и паркинзи, јавни и приватни згради, објави Гардијан.
Uncategorized
Меркел за Би-Би-Си: Војната ќе почнеше уште порано ако не го блокиравме пристапот на Украина во НАТО во 2008 година
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел изјави за Би-Би-Си дека војната во Украина би започнала порано доколку таа не го блокирала влезот на земјата во НАТО во 2008 година.
Ангела Меркел беше на чело на Германија 16 години, во кои се случи финансиската криза, мигрантската криза од 2015 година и руската инвазија на Украина во 2014 година.
Меркел за време на интервјуто тврдеше дека војната во Украина би започнала порано и веројатно би била полоша доколку Киев го започнал процесот за влез во НАТО во 2008 година.
„Ќе гледавме воен конфликт и порано. Апсолутно ми беше јасно дека претседателот Путин нема мирно да гледа како Украина се приклучува на НАТО. И тогаш Украина како земја сигурно не беше подготвена како што беше во февруари 2022 година“, изјави таа за Би-Би-Си.
Меркел признава дека дипломатските обиди за задржување на руските напади врз Украина не успеале, но инсистира дека тогашната политика била во согласност со европските цели во тоа време.
Покрај тоа, таа ги брани своите одлуки за време на мигрантската криза во 2015 година, што според некои ја направи морален лидер, додека други ја обвинија за зајакнување на екстремната десница.