Uncategorized
Стотици загинати во самоубиствен напад во Пакистан
Најмалку 130 лица се загинати, а над 300 серанети ноќеска во Карачи во самоубиственнапад врз конвојот од приврзеници на поранешната пакистанска премиерка, БеназирБуто.
Најмалку 130 лица се загинати, а над 300 серанети ноќеска во Карачи во самоубиственнапад врз конвојот од приврзеници на поранешната пакистанска премиерка, БеназирБуто.
Светските медиуми јавуваатразлични податоци за бројот на загинатите и ранетите. Според Франс пресзагинале 130 лица, а ранети се 400, Ројтерс јавува за 133 загинати и 290ранети, додека Асошиетед прес објави дека се загинати 126 лица, а ранети 248.
Според локалната полицискибиле активирани две автомобил бомби, од кои втората била со разорна моќ. БенизарБуто, која што се врати во Пакистан по осум години егзил, остана неповредена и безбедно е спроведена досвојата резиденција.
За сега никој не јапрезеде одговорноста за нападот, иако претходно приврзаниците на Ал-каеда сезаканија дека ќе ја ликвидираат Буто, бесни поради нејзината поддршка заамериканската војна против тероризмот.
Пакистанскиот претседателПервез Мушараф го осуди нападот, нарекувајќи го завера против демократијата.
Беназир Буто, која во 1988година постана прва жена премиер во муслиманскиот свет, ја напушти земјата во1999 година поради обвинувања за корупција. Таа вчера се врати во Пакистан зада ја предводи нејзината Народна партија на јануарските избори.
/крај/б/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.
Uncategorized
(Видео) Владата ги намали парите за загаден воздух за 50 отсто во споредба со лани, рече Лукаревска и праша кои конкретни мерки се преземени
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница посветена на пратенички прашања го праша министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, за кратењето на буџетските средства за заштита на животната средина и за тоа како Владата планира да се справи со аерозагадувањето кога од година на година ги намалува средствата за оваа намена.
„Во ребалансот на буџетот за 2025 година – заштитата на животната средина како функција на државата има евидентно намалување на буџетските средства за 13,4 % во износ од 868 милиони денари помалку сведувајќи се од 6,4 милијарди на речиси 5,6 милијарди денари за фискалната година. Најголемата промена е во ставката – намалување на загадувањето, каде што првично планираните 3,2 милијарди денари се сведуваат на 2,6 милијарди денари, што претставува приближно 19 % намален буџет, а во однос на претходната година планирано е тој да се намали за 48,2 %, тоа е речиси 50 %“, рече Лукаревска.
Таа нагласи дека е несвојствено да се кратат средства за области кои се рак рана на општеството и изрази загриженост за тоа како ќе се справиме со загадувањето, кој ќе биде третманот за отпадни води, како ќе ја заштитиме природата, каков квалитет на воздухот ќе имаме, како ќе се зајакне надзорната функција на Државниот инспекторат за труд и како ќе се унапредува животната средина.
„Моето прашање е кои конкретни мерки ги преземате како Влада, односно како ресорно министерство во борбата против аерозагадувањето имајќи го предвид фактот дека од година на година со секој буџет и ребаланс на буџетот ги намалувате средствата за справување со овој огромен проблем ?“, праша Лукаревска.
Лукаревска постави прашање и до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за неисполнувањето на обврските од реформската агенда, односно обврските за три реформи, кои се однесуваат на подобрување на деловната клима за малите и средните претпријатија.
Uncategorized
Израелски напад врз училиште во Појасот Газа
Петмина Палестинци загинаа при израелскиот напад врз училиште во квартот Ал Туфа, источно од градот Газа, каде се сместени раселени лица.
Помеѓу загинатите има и деца. При нападот повредени се и повеќе лица кои се хоспитализирани.
Израелската армија соопшти дека неколку осомничени лица се идентификувани надвор од обележаната линија за прекин на огнот и оти отвориле оган врз нив.
Хамас нападот го оцени како „брутално злосторство“ и уште едно кршење на Договорот за прекин на огнот.
Според палестинското Министерство за здравство во Газа, од стапувањето во сила на Договорот за прекин на огнот, убиени се 400 Палестинци.

