Uncategorized
Почина пилотот кој ја фрли нуклеарната бомба над Хирошима

Американскиот пилот Пол Тибетс, кој за време наВтората Светска Војна ја фрли атомската бомба над Хирошима, почина денеска восвојот дом во Охајо на 92 годишна возраст.
Американскиот пилот Пол Тибетс, кој за време наВтората Светска Војна ја фрли атомската бомба над Хирошима, почина денеска восвојот дом во Охајо на 92 годишна возраст.
Бомбататешка пет тона, која што беше фрлена врз јапонскиот град утрото на 6. август1945 година, уби 140 илјади Јапонци.
Илјадницилуѓе починаа подоцна од последиците на нуклеарната реакција.
/крај/ббц/ам
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized
Кузеска: Само во последните 3 месеци иста фирма добила три тендери со пет договори во различни скопски општини, сите предводени од градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ

„Денеска СДСМ го отвора првиот од серијата скандали поврзани со тендерите на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ. Ќе изнесеме низа на податоци и сомнежи за длабока корупција, сонежи за матни тендери во речиси сите општини предводени од ВМРО-ДПМНЕ. Дури и со пари од унгарскиот кредит. Во фокусот се милионските тендери што завршуваат кај едни исти фирми. Дури и фирми со сомнително минато, кои биле гонети токму за злоупотреби и местење тендери а кои последно земаат пари и тоа од унгарскиот кредит“, вели Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ.
„Дали е тоа поентата на унгарскиот кредит и каде завршуваат овие пари? Денеска го отвораме првиот скандал поврзан со компанија која верувале или не, работи на 50 тина јавни набавки во општини кои ги води ВМРО-ДПМНЕ. Да биде скандалот поголем, компанијата претходно, во 2020 година е осомничена токму за местење на тендери во јавните набавки, погодете каде, во општина Зелениково предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Станува збор за фирмата ИЗОЛАЦИЈА Дамјан Силјановски и др. ДОО Увоз-Извоз Скопје во четири години добила 50 тина тендери вредни 10 милиони евра, речиси сите од општини под контрола на ВМРО-ДПМНЕ“, посочува Кузеска.
Додава дека само во последните 3 месеци истата фирма добила три тендери со пет договори во различни скопски општини, сите предводени од градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ.
„Оваа фирма веќе била гонета за местење тендери во 2020 година кога Управата за финансиска полиција поднела кривична пријава против поранешниот градоначалник на Зелениково и шест други лица. До денес, таа е омилената фирма на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ која контуниирано со години добива тендери. Само за пример добила 13 тендери во Општина Гази Баба, 9 во Кавадарци, а во последните месеци ги освојува и тендерите во Бутел, Кисела Вода и Аеродром. Последните тендери кои ги добила се финансирани од унгарскиот кредит, кој граѓаните ќе го враќаат со високи камати. Индикативно е што понудената цена и постигнатата цена се во речиси сите случаи исти, односно нема пад на цените. Дали однапред се знаеле условите?“ истакнува Кузеска и прашува:
„Дали градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ им овозможиле ексклузивен пристап до информациите? Клучно е каде завршуваат парите од унгарскиот кредит? Парите од овој кредит не се бесплатни – тие се враќаат од буџетот, односно од парите на граѓаните и тоа со камата:
Jавноста има право да знае:
● Дали ова е механизам за финансирање на партиските структури на ВМРО-ДПМНЕ?
● Дали парите завршуваат директно во „белата палата“?
● Дали граѓаните плаќаат огромни камати за унгарските кредити за власта да си ги дели со коруптивни тендери?
Ова не смее да остане само скандал за кој ќе зборуваме денес. Очекуваме надлежните институции да реагираат веднаш!
Очекуваме одговори од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ
Ова е само почеток – во наредните денови ќе следуваат нови информации и нови скандали“, завршува Кузеска.
Uncategorized
Средба Мисајловски – Салај Бобровници во рамките на унгарско-македонскиот владин самит: Ние не сме само набљудувачи на сегашноста, туку архитекти на подобра и посигурна иднина

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска оствари билатерална средба со својот унгарски колега Кристоф Салај Бобровницки во рамки на кој денеска се одржува во Будимшешта, Република Унгарија.
Уште еден значаен чекор кон побезбедна, посигурна и просперитетна иднина, за граѓаните на двете држави, за регионот и Европа, беше констатирано од страна на двајцата соговорници на денешната средба.
Мисајловски во оваа прилика додаде дека е потребно да се искористи секоја можна соработка која ќе придонесе не само проширување и продлабочување на односите меѓу двете земји туку на развој на државите.
„Еден од најважните критериуми за развој е зачувување на мирот, безбедноста и стабилноста. Токму затоа е потребно заеднички да продолжиме да вложуваме во јакнењето на регионалната безбедност, како би можеле поефикасно да се справиме со предизвиците со кои се соочуваме“, истакна министерот Мисајловски и додаде дека е особено горд што одбранбената соработка со Унгарија се интензивира особено по потпишувањето на Планот за билатерална соработка меѓу двете земји.
„Ние не сме само набљудувачи на сегашноста, туку архитекти на подобра и посигурна иднина. Активностите кои се опфатени со Планот се доказ за сериозната посветеност меѓу двете министерства и армии и за нас е од особена важност е можноста за размена на искуства и знаења кои двете земји ги нудат во насока на зајакнување на човековите капацитети“, потенцира Мисајловски.
Унгарскиот министер Салај Бобровницки на оваа средба кажа дека се отвораат нови можности во процесот на набавки и развој во делот на одбранбената индустрија преку договор Влада со Влада, можноста за набавки на воена опрема од страна на унгарски производители, како и за интензивирање на соработка во процесот на обука и вежби за припадниците на специјалните сили и армиите воопшто.
За време на состанокот се разговараше и за Меморандумот за разбирање меѓу двете институции, кој е во завршна фаза на усогласување, а кој ќе биде дополнителен импулс градењето на меѓусебната соработка.
Uncategorized
Лавров: Европа го поткопува решението на конфликтот во Украина

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска изјави дека само Западот и претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ги попречуваат мировните преговори.
За време на посетата на Доха, тој рече дека претседателот на Русија, Владимир Путин, многупати одговарал на лажните обвинувања за преговорите и дека најдобрата помош за оние кои искрено сакаат да го решат овој конфликт е да разберат зошто настанал овој конфликт.
„Европа отворено се обидува да го поткопа решението на конфликтот во Украина. Ова е менталитетот „или-или“ што владее во Европа во последно време“, рече Лавров, пренесува „Раша тудеј“.
Според него, Русија смета дека е невозможно да се согласи на договори кои би вклучиле и повторно вооружување на Украина.
„Она што остана од Украина мора да се ослободи од расистичките закони“, рече Лавров и додаде дека Европа со своите постапки покажала дека не сака никаков мир, бидејќи „нејзиниот штитеник не ги исполнил сите задачи што му ги дала“.
На прашањето дали е вистина дека Москва се согласила да користи 300 милијарди долари замрзнати средства за обнова на Украина, под услов некои од нив да бидат наменети за потребите на новите руски региони, Лавров посочи дека не се зборува за „имот украден од Европејците“ и дека е сигурен дека ова прашање ќе биде решено наскоро, како што истакна и шефот на американскиот Стејт департмент, Рубио.
Тој додаде дека средба на руски и американски претставници на која ќе се разговара за работата на амбасадите ќе се одржи на 27 февруари во Истанбул.
Истовремено, тој отфрли секакви опции за распоредување европски мировни сили во Украина, наведувајќи дека Русија воопшто не го разгледува тоа, пренесува РИА Новости.
Лавров на прес-конференцијата во Катар посочи дека оваа идеја, која, како што рече, ја наметнуваат Европејците, „односно Франција и Велика Британија“, има за цел натамошна ескалација на конфликтот и сузбивање на обидите за прекин на конфликтот.
„Макрон во Вашингтон зборуваше за потребата од итен прекин на огнот, за воведување на овие мировни сили, а потоа, наводно, ќе зборуваме за териториите, за судбините на луѓето, за другите принципи на решавање. Ова е измама. Не можете да одите до договор чија цел е да се постигне една единствена цел, да се напумпа Украина со оружје“, рече Лавров.
„Облогот на Западот за воено решение е безнадежен“, рече тој.
Зборувајќи за потенцијалното искористување на руските замрзнати средства, тој рече дека Москва ќе има одговор на тоа.
„Прашањето за рускиот имот на Запад нема да исчезне од агендата на преговорите во Украина“, рече Лавров, нагласувајќи дека имотот првенствено е украден од Европејците.
Лавров пристигна во Доха на средба со катарскиот емир Тамим бин Хамад ал Тани, пренесува Танјуг.