Uncategorized
Европски глас за поголеми права на новинарите
Новинари од околу 20 европски држави в понеделник ќе прекинат со работа вознак на протест против кризата во новинарството и барања за поголеми права.
Новинари од околу 20 европски држави в понеделник ќе прекинат со работа вознак на протест против кризата во новинарството и барања за поголеми права.
“Да станеме за новинарството“ е мотото под кое европските новинарскиздруженија ќе го кренат гласот против прекумерна комерцијализација воновинарството, политички притисоци, намалени стандарди и сиромашни услови заработа.
Здружението на новинарите на Македонија ги повика македонските новинари, впонеделник во 12 часот, две минути да ја прекинат работата без разлика дали сена терен или во редакција.
Протестот, што го организира Европската федерација на новинари, во Европаќе се одбележи преку различни активности за заштита на новинарските права,нивната социјална, правна и професионална безбедност.
Во Велика Британија во тек е он-лајн кампања и серија настани што ќе сеодржат во Лондон, Манчестер и други градови, а новинарите потпишуваат петиција на вебстраницата
http://www.ipetitions.com/petition/standupforjournalism/
Јавни дебати се најавени за в понеделник и во Белгија, и тоа меѓу високипретставници од Советот на Европа и белгиските здруженија на новинари.
Хрватската асоцијација на новинари и Синдикатот на хрватските новинари ќеорганизираат тркалезна маса со дискусии на тема “Новинарите меѓупрофесионалната задача и социјалната несигурност“.
Здружението во Кипар е во преговори со сопствениците на приватните медиумида потпишат колективен договор, а в понеделник повторно ќе ги повикаат наподдршка на документот.
Финските новинари ќе организираат јавни дебати со заеднички настап на ситечленки на Европската федерација за новинари од нордискиот регион.
Новинарите од Франција ќе организираат мирен протест в понеделник во 13.30часот пред националното Собрание, а здруженијата ширум државата потпишуваатон-лајн петиција
www.intersj.info
.
Здружението на новинари во Германија (The Deutscher Jorunalisten Verband) ќе организирапетминутен прекин на работата за спомен на убиените и уапсени колеги
http://dju.verdi.de/
. Новинарите од оваадржава најавија и протести во вторник против влошените услови за работа,посебно за т.н фриленс новинари (freelance journalists).
Новинарските членки на Федерацијата во Грција ќе организираат двеминутенпрекин на работата, исто како во Србија каде ќе се организираат и јавни дебатимеѓу медиумските сопственици и владини претставници.
Мирни протести за поголеми права на новинарите ќе организираат здруженијатаво Романија и во Италија пред зградите на националните Парламенти.
Здружението на новинарите во Португалија ќе протестираат против неодамнаусвоениот Статут на новинарите кој се заканува да ја намали заштитата на изворитеи авторските права.
Новинарите во Словенија ќе ја прекинат работата на две минути во 12 часотза поддршка на социјалната, правна и професионална безбедност, а ќеорганизираат и прес-конференција со дополнителни активности.
Дебати ќе се одржат и во Исланд, а ирските новинари ќе одржат семинар воврска со прашања за недостаток на инвестиции и финансиски средства. Тие ќеобјават петиција во знак на солидарност на уредникот во Irish Times GeraldineKennedy и новинарот Colm Keena, а во врска со заштита на изворите.
Словачкиот Синдикат ќе објави манифест што ќе им се испрати наполитичарите, владини претставници, сопственици на медиуми и други групи наинтерес.
Новинарските групи во Шпанија ќе објават заедничка изјава за поголемазаштита на новинарите и одбрана на квалитетното новинарство.
Здружението на новинарите во Шведска, в понеделник, ќе им понуди колективнидоговори на сите продуцентски компании.
/крај/ис
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Стравична несреќа на автопатот Скопје–Куманово: Две возила целосно изгореа по судир, еден тешко повреден
Синоќа на автопатот Скопје – Куманово, пред клучката за обиколницата на главниот град, се случила тешка сообраќајна несреќа во која двете возила што се судриле целосно изгореле.
Според информациите од полицијата, судирот се случил помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 25-годишниот А.В. од селото Бујковци, и товарно возило „мерцедес“ со полуприколка, со неготински таблички, управувано од Љ.Д. (56) од село Брест, штипско.
По ударот, двете возила се запалиле и целосно изгореле. Во несреќата, возачот на патничкото возило се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му била укажана лекарска помош.
На местото на несреќата излегла увидна екипа.
Фото: илустрација (depositphotos)
Uncategorized
Бајден: Знаеме кои сме, време е да му го покажеме тоа на светот и на самите себе
Џо Бајден им се придружи на американските претседатели од редовите на Демократската партија во осудата на смртоносната пукотница во Минеаполис. Коментирајќи ја веста дека федералните агенти го убиле 37-годишниот медицински техничар Алекс Прети, Бајден рече дека чинот претставува „предавство на најосновните вредности на Американците“.
Во изјавата во која се повикува на уставното право на правична постапка, Бајден рече: „Ние не сме земја што пука во своите граѓани на улица. Ние не сме земја што дозволува бруталност врз граѓаните за остварување на нивните уставни права. Ние не сме земја што го гази Четвртиот амандман и толерира тероризирање на нашите соседи“.
„Луѓето од Минесота нè потсетија на сè што значи да се биде Американец, а тие веќе претрпеа премногу под оваа администрација. Насилството и теророт немаат место во САД, особено кога нивната сопствена влада ги таргетира американските граѓани“, додаде тој.
Во малку прикриена критика кон Доналд Трамп, чија администрација се соочува со растечки критики за тактиките за имиграција, Бајден истакна: „Никој не може да го уништи она за што се залага и во што верува Америка, дури ни претседателот, ако ние, целата Америка, се заложиме и проговориме“.
„Знаеме кои сме. Време е да го покажеме тоа на светот. Уште поважно, време е да го покажеме и на самите себе“, истакна тој. Тој повика на „целосни, фер и транспарентни“ истраги за „бесмислените“ убиства на Прети и Рене Гуд.
Изјавата на Бајден следува по осудите што ги упатија претходно Барак Обама и Бил Клинтон. И двајцата ги повикаа Американците да проговорат и предупредија дека основните американски вредности се нападнати по засилената репресија на администрацијата на Трамп против имиграцијата во Минеаполис.
По напуштањето на функцијата, Бајден претежно се држеше подалеку од јавноста. Тој моментално се лекува од рак на простата и е ангажиран во пишување мемоари и развивање на претседателската библиотека.
Неговите изјави доаѓаат во време кога многу демократи се незадоволни од неговата одлука да остане претседателски кандидат на партијата долго време во текот на изборниот циклус во 2024 година, потег што критичарите го оценија како ослабување на моментумот на партијата.
Бајден на крајот ѝ ја отстапи номинацијата на потпретседателката Камала Харис, која Трамп ја победи и освои втор мандат во Белата куќа.
Uncategorized
Најдено тело на четиригодишно дете кое паднало oд брод со мигранти
Крајбрежната стража на Грција вчеравечер уапси маж кој со брод се обидел да избега додека криумчарел мигранти, додека пак пред два дена, по дојава дека биле истоварени мигранти кај Икарија, властите пронашле тело на четиригодишно дете.
Патрола на крајбрежната стража го забележала бродот како се движи со голема брзина кон западниот брег на Хиос, по што започнала потера, а криумчарот отишол кон плажата Гларој каде ги „истоварил“ сите патници кои избегали.
Подоцна, Крајбрежната стража и локалната полиција подоцна пронајдоа 16 мажи, 11 жени и девет деца, по што биле однесени во прифатен центар на Хиос.

