Uncategorized
Ширак бара расправа за одбивањето на Анкара да го признае Кипар
Францускиот претседател Жак Ширак изјави синоќа дека Франција сака да разговара со своите партнери од Европската унија за одбивањето на Турција да го признае Кипар, изјави портпаролот на Елисејската палата.
Францускиот претседател Жак Ширак изјави синоќа дека Франција сака да разговара со своите партнери од Европската унија за одбивањето на Турција да го признае Кипар, изјави портпаролот на Елисејската палата.
Ширак ја објави оваа своја одлука за време на разговорите со претседателот на Европската комисија (ЕК) Жозе Мануел Баросо, кој престојуваше во еднодневна посета на Франција.
Турција на 29 јули потпиша спогодба со која царинската унија ја проширува и на Република Кипар, а тоа беше еден од поважните услови што Унијата и ги определи на Анкара за отворање преговори за пристапување на почетокот од октомври годинава.
Но Анкара кон овој документ достави дополнителна изјава со која објаснува дека тој гест не претставува признавање на Кипар, кој и се приклучи на Унијата во мај 2004 година.
Ширак го потсети претседателот на ЕК дека таквата изјава поставува политички и правни проблеми и оти не е во дух на земјата што сака да стане кандидат за приклучување кон Унијата./крај/ хин/тт
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.
Uncategorized
Автомобил удри во заштитна ограда кај Градско, повредени две жени
На регионалниот пат Градско-Неготино во близина на мостот на Црна река, автомобил со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.П.(47) од Градско, удрило во заштитна метална ограда.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Н.М.(57), а со телесни повреди се здобила сопатничката Б.П.(45), двете од Градско, констатирани во болницата во Велес.
Извршен е увид.