Uncategorized
ЕП ја повика Русија да ги почитува човековите права
Европскиот парламент (ЕП) денеска изгласа резолуција со која што изразувазагриженост за непочитување на човековите права во Русија.
Европскиот парламент (ЕП) денеска изгласа резолуција со која што изразувазагриженост за непочитување на човековите права во Русија.
Во Резолуцијата, ЕП гиповикува лидерите во Русија да гарантираат слободни парламентарни ипретседателски избори.
„Сегашната состојба воРусија дава основа за сериозна загриженост во однос на почитувањата на праватана човекот, демократијата, слободата на изразување, правата на граѓанскотоопштество и правата на индивидуалците да ги оспоруваат одлуките на власта и даги сметаат за одговорни за нејзините дејствувања“, се наведува во резолуцијатана ЕП.
Парламентот изразувазагриженост и за ограничувањето на демократската слободa во подготвувањето напарламентарните избори што ќе се одржат во декември оваа година и запретседателските избори закажани за март 2008 година.
Мнозинството европскипарламентарци изразуваат жалење поради одолговлекувањето на руските власти дапоканат набљудувачи од ОБСЕ за претстојните избори.
/крај/бг/ам
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Дел од Гази Баба без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од потрошувачите на ул.Панче Пешов бр.1,3,5и7 ( општина Гази Баба ).
Uncategorized
Германија подготвува список на бункери за итни засолништа за цивили, соопшти полицијата
Германија подготвува список на бункери кои би можеле да обезбедат итно засолниште за цивили, соопшти германското МВР.
Ќе се состави дигитална листа на бункери и засолништа за итни случаи за луѓето да можат брзо да ги најдат со помош на апликација за телефон.
Апликацијата е планирана да им овозможи на граѓаните да најдат засолниште за итни случаи на места како што се подземни железнички станици и паркинзи, јавни и приватни згради, објави Гардијан.
Uncategorized
Меркел за Би-Би-Си: Војната ќе почнеше уште порано ако не го блокиравме пристапот на Украина во НАТО во 2008 година
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел изјави за Би-Би-Си дека војната во Украина би започнала порано доколку таа не го блокирала влезот на земјата во НАТО во 2008 година.
Ангела Меркел беше на чело на Германија 16 години, во кои се случи финансиската криза, мигрантската криза од 2015 година и руската инвазија на Украина во 2014 година.
Меркел за време на интервјуто тврдеше дека војната во Украина би започнала порано и веројатно би била полоша доколку Киев го започнал процесот за влез во НАТО во 2008 година.
„Ќе гледавме воен конфликт и порано. Апсолутно ми беше јасно дека претседателот Путин нема мирно да гледа како Украина се приклучува на НАТО. И тогаш Украина како земја сигурно не беше подготвена како што беше во февруари 2022 година“, изјави таа за Би-Би-Си.
Меркел признава дека дипломатските обиди за задржување на руските напади врз Украина не успеале, но инсистира дека тогашната политика била во согласност со европските цели во тоа време.
Покрај тоа, таа ги брани своите одлуки за време на мигрантската криза во 2015 година, што според некои ја направи морален лидер, додека други ја обвинија за зајакнување на екстремната десница.