Uncategorized
Арапската лига го критикува новиот устав на Ирак
Генералниот секретар на Арапската лига Амр Муса го нарече текстот од нацртот за нов устав на Ирак “рецепт за создавање на хаос”.
Генералниот секретар на Арапската лига Амр Муса го нарече текстот од нацртот за нов устав на Ирак “рецепт за создавање на хаос”.
Во интервју за британското радио Би Би Си тој изрази загриженост поради недостатокот на согласност во Ирак за уставот, што беше одобрен вчера од шиитските и курдските преговарачи, но не и од претставниците на сунитското арапско малцинство.
Муса изјави дека Арапската лига ја споделува загриженоста на Сунитите за федерализмот затоа што документот не го определува Ирак како арапска држава, што според него е очигледна отстапка за неарапските малцинства, како курдското.
САД и Велика Британија претходно ги отфрлија забелешките и загриженоста на Сунитите. Американскиот претседател Џорџ Буш рече дека иако постојат разлики, светот го набљудува развојот на демократијата во Ирак. Британската влада ги повика Ирачаните да учествуваат во планираниот за октомври референдум за новиот устав./крај/бгнес/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.
Uncategorized
Автомобил удри во заштитна ограда кај Градско, повредени две жени
На регионалниот пат Градско-Неготино во близина на мостот на Црна река, автомобил со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.П.(47) од Градско, удрило во заштитна метална ограда.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Н.М.(57), а со телесни повреди се здобила сопатничката Б.П.(45), двете од Градско, констатирани во болницата во Велес.
Извршен е увид.