Uncategorized
Руски бизнисмен инвестира 20 милијарди долари во Санкт Петерсбург
Рускиот милијардерОлег Дерипаско до 2015 година ќе инвестира 20 милијарди долари во обнова напатната инфраструктура во Санкт Петерсбург, родниот град на претседателот наРусија Владимир Путин.
Рускиот милијардерОлег Дерипаско до 2015 година ќе инвестира 20 милијарди долари во обнова напатната инфраструктура во Санкт Петерсбург, родниот град на претседателот наРусија Владимир Путин.
Меѓу најважните инвестиции е изградбата на 67километри долга железничка врска меѓу центарот на Санкт Петерсбург и аеродромотПулково, во вредност од неколку милијарди долари, колку што ќе чини иизградбата на тунел под реката Нева.
Три милијарди долари ќе чини автопат кон трговскотопристаниште во градот, а до крајот на 2015 година треба да заврши и изградбатана автопат од Петроград до Москва во должина од 750 километри, кој ќе чиниседум милијарди долари.
Партнери и коинвестори се градежните концерни одповеќе европски земји, Хохтиф, Страбаг, Буиж, Егис и Транстрој.
Милијардерот Дерипаско во акциите на овие концерниима учество од десет до 50 отсто.
/крај/фонет/ег/
Copyright2007
makfax
. Сите права се задржани. Текстовне смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Минчев – Жариќ-Ковачевиќ: Зајакнување на билатералната соработка меѓу Република Македонија и Република Србија во јавната администрација
Во рамки на зајакнување на регионалната соработка, Министерот за јавна администрација на Република Македонија, Горан Минчев, оствари билатерална средба со Министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Република Србија, Јелена Жариќ Ковачевиќ, на која разговараа за областите на соработка насочени кон унапредување на системите на јавна администрација во двете земји.
На средбата беа истакнати одличните релации меѓу држави, при што двајцата министри изразија заедничка посветеност за продлабочување на соработката во областа на владеењето и административните реформи.
Во таа насока, заложбите на двете страни кулминираа со договор за потпишување на Меморандум за соработка во перидот кој следи, а кој ќе ја формализира размената на најдобри практики, заеднички иницијативи и споделена експертиза во јавната администрација.
„Потпишувањето на овој меморандум за соработка ќе означи ново поглавје во партнерството меѓу Република Македонија и Република Србија во областа на јавната администрација, едновремено истакнувајќи ја нашата заедничка цел, а тоа е модернизирање на јавна администрација и унапредување и зајакнување на процесите и капацитетите кои произлегуваат од неа.”- истакна министерот Минчев.
Министерката Жариќ Ковачевиќ ја потврди оваа иницијатива, истакнувајќи ја важноста на регионалните партнерства во поттикнувањето на реформите кои ќе ја подобрат испораката на јавните услуги за граѓаните во двете земји.
Двете министерства ќе се заложат преку редовни консултации и состаноци да работат на конкретни процеси кои ќе придонесат за ефективна имплементација на реформите во јавната администрација, а кои ќе бидат дел од Меморандумот за соработка.
Uncategorized
(Видео) Гори дел од касарна, голем пожар во Србија
Во делот од касарната лоциран во близина на болницата ВМА, во Бањица денеска во попладневните часови имало пожар.
View this post on Instagram
Како што се гледа на видеото кое е објавено на социјалната мрежа Инстаграм, во тој дел од градот се шири густ чад.
На терен се 12 пожарникари и четири противпожарни возила.
Uncategorized
Општина Аеродром доделува мали грантови за управување со отпад
Општина Аеродром објавува повик за доделување мали грантови за граѓанските организации на тема „Зајакнување на заедниците за одржливо управување со отпад од пакување“.
Целта на повикот е да се променат навиките на локалното население за селектирање отпад од пакувања во своите домаќинства и да се научат на правилна селекција на отпадот, пред сè, пластика и лименки.
Вкупниот износ на финансиските средства за грантот изнесува 25.000 евра обезбедени преку проектот финансиран од Европската Унија „Clean AirDrom – нула цврст отпад во Општина Аеродром“.
Минималната вкупна сума што може да ја добие една граѓанска организација е 2.500 евра, додека максималниот износ по грант изнесува 5.000 евра во денарска противвредност.
Јавниот повик е отворен за граѓански организации што се формално регистрирани на територијата на Град Скопје најмалку 2 (две) години пред објавата на овој повик.
Предност ќе имаат оние организации што во својата мисија и статут имаат заложби за зајакнување на заедниците за одржливо управување со отпад и кои во својот фокус ги имаат младите.
Проектите може да бидат со времетраење од 3 месеци, односно да се спроведат во периодот од ноември 2024 година до јануари 2025 година.
Предлог-проектите мора да се спроведуваат исклучиво на територијата на Општина Аеродром.
Рокот за поднесување на предлог-проектите е до 16.10.2024 година, најдоцна до 15:00 часот во Архивата на Општина Аеродром (соба број 7 на први кат) или електронски преку е-адресата [email protected]. Подетални информации за повикот може да се добијат на телефонскиот број 075/572-830.
Документацијата за поднесување на предлог-проектите може да се преземе на следниов линк.