Uncategorized
Сунитите ќе формираат фронт на противници на уставот
Сунитите, кои се спротивставуваат на нацртот за нов ирачки устав, најавија дека ќе формираат Фронт од противници на овој документ.
Сунитите, кои се спротивставуваат на нацртот за нов ирачки устав, најавија дека ќе формираат Фронт од противници на овој документ.
Во него ќе можат да се вклучат и Шиитите, коишто не се согласуваат со идејата за федерализам, соопшти сунитски претставник. “Се обидуваме да ги собереме сите противници на федерализмот, дури и тие да не са Сунити”, изјави Салех ал Мотлак, член на движењето Национален совет за дијалог.
“Тоа е веќе прашање што ги засега сите, дури и Шиитите, кои не сакаат да видат еден поделен Ирак”, прецизира тој и дополни, дека Сунитите сакаат да соработуваат со радикалниот лидер на Шиитите Муктада Садр.
Тој, од своја страна, пак, изјави дека уште не зазел официјална позиција за уставот. /макфакс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.
Uncategorized
Автомобил удри во заштитна ограда кај Градско, повредени две жени
На регионалниот пат Градско-Неготино во близина на мостот на Црна река, автомобил со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.П.(47) од Градско, удрило во заштитна метална ограда.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Н.М.(57), а со телесни повреди се здобила сопатничката Б.П.(45), двете од Градско, констатирани во болницата во Велес.
Извршен е увид.