Uncategorized
Германските ученици сè помалку знаат за антисемитизмот
Учениците вогерманските училишта се помалку знаат за холокаустот, а забележано е ширење наантисемитизмот, посебно меѓу учениците од исламска вероисповест.
Учениците вогерманските училишта се помалку знаат за холокаустот, а забележано е ширење наантисемитизмот, посебно меѓу учениците од исламска вероисповест.
Ова се податоцитеод студијата што денеска беше објавена во дневниот весник „SueddeutscheZeitung“.
„Меѓу германскитеученици зборот „Евреин“ стана една од главните навреди“, изјави Готфрид Кеслерод франкуртскиот Институт за истражување на холокаустот.
Досеганеобјавената студија на научното списание „Focus Schule“ укажува на тоа дека наставниците по историја сокласичните педагошки методи повеќе не можат да предизвикаат сочуство кајучениците кога е во прашање холокаустот.
„Предкрематориумите во Аушвиц учениците повеќе се интересираат за видовите гасниинсталации, отколку за судбините на жртвите“, цитира студијата една одиспитаните наставнички која заклучува дека денешните генерации многу помалку сечувствителни на жртвите на нацизмот.
Студијата укажуваи на феноменот на растечкиот број на муслимански ученици во Германија коиистакнувањето на улогата на Евреите како жртви на нацизмот често ја доживувааткако поддршка на Израел.
„Наставницитечесто го одбегнуваат тој дел од историјата стравувајќи од реакциите намуслиманските ученици“, се вели во студијата.
Германскитевласти минатата година забележале голем пораст на криминалните деликти соантисемитска позадина, а Централниот совет на Евреите во Германија кон крајотна минатата година предупреди на пораст на антисемитизмот.
„Евреите за многуГерманци се сеуште припадници на некоја странска тајна сила што живее на сметкана мнозинството“, заклучува Волфганг Бенц, лидер на Центарот за истражување наантисемитизмот.
/крај/хн/ст
Copyright 2008
makfax
. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина иливо делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Мицкоски на средба со австрискиот амбасадор Памер: Идната влада ќе работи на уште позасилена соработка на економско поле помеѓу двете држави
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски денеска оствари средба со австрискиот амбасадор Мартин Памер.
Мицкоски му се заблагодари на Памер за поддршката што Македонија ја добива од Австрија на патот на евроинтеграциите.
Одличните односи помеѓу Македонија и Австрија на економско поле ќе бидат дополнително унапредувани и поттикнувано во наредниот период, истакна Мицкоски.
Воедно, беше потенциран и планот за борбата против корупцијата и криминалот, кои ќе бидат високо на агендата на идната влада.
Uncategorized
Силен земјотрес ја погоди Франција
Франција денеска ја погоди земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил на 10 километри југоисточно од градот Тарбес и 120 километри југозападно од Тулуз, на длабочина од четири километри, се наведува на веб-страницата ЕМСЦ.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Uncategorized
Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне нестабилно време со пороен дожд и грмежи
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне наместа, особено во северните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 29 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Во следните денови ќе се задржи топло време, но во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има услови процесите да бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме, со силен ветер, интензивен пороен дожд и изолирана појава на град.