Uncategorized
Буш: Договор за палестинска држава идната година
Палестинците ќепотпишат договор со Израел за формирање сопствена држава до истекот напретседателски мандат на американскиот претседател Џорџ Буш, во јануаринаредната година.
Палестинците ќепотпишат договор со Израел за формирање сопствена држава до истекот напретседателски мандат на американскиот претседател Џорџ Буш, во јануаринаредната година.
Вакво верувањеденеска изрази Буш, по средбата со палестинскиот претседател Махмуд Абас воРамалах на Западниот брег.
“Уверен сум декасо соодветна помош ќе се случи формирање палестинска држава“, истакна Буш, додавајќидека е подготвен политички и економски да помогне.
Сепак, како штоизјави, Абас и израелскиот премиер Ехуд Олмерт мора “заедно да направат тешкиизбори“.
Абас го поздравиБуш како прв американски претседател кој “во целост е предаден на давањеподдршка на палестинската држава“.
Политички слабиотАбас се надева дека посетата на Буш на Рамалах ќе ја зајакне неговата позицијамеѓу Палестинците кои бараат окончување на израелската окупација и формирањенезависна држава.
Буш, говорејќи заможностите за мир, пак, рече дека “нема илузии“ и оти тоа ќе биде “тешкаработа“.
/крај/хи/ис
Copyright 2008
makfax
. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина иливо делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Дел од Гази Баба без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од потрошувачите на ул.Панче Пешов бр.1,3,5и7 ( општина Гази Баба ).
Uncategorized
Германија подготвува список на бункери за итни засолништа за цивили, соопшти полицијата
Германија подготвува список на бункери кои би можеле да обезбедат итно засолниште за цивили, соопшти германското МВР.
Ќе се состави дигитална листа на бункери и засолништа за итни случаи за луѓето да можат брзо да ги најдат со помош на апликација за телефон.
Апликацијата е планирана да им овозможи на граѓаните да најдат засолниште за итни случаи на места како што се подземни железнички станици и паркинзи, јавни и приватни згради, објави Гардијан.
Uncategorized
Меркел за Би-Би-Си: Војната ќе почнеше уште порано ако не го блокиравме пристапот на Украина во НАТО во 2008 година
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел изјави за Би-Би-Си дека војната во Украина би започнала порано доколку таа не го блокирала влезот на земјата во НАТО во 2008 година.
Ангела Меркел беше на чело на Германија 16 години, во кои се случи финансиската криза, мигрантската криза од 2015 година и руската инвазија на Украина во 2014 година.
Меркел за време на интервјуто тврдеше дека војната во Украина би започнала порано и веројатно би била полоша доколку Киев го започнал процесот за влез во НАТО во 2008 година.
„Ќе гледавме воен конфликт и порано. Апсолутно ми беше јасно дека претседателот Путин нема мирно да гледа како Украина се приклучува на НАТО. И тогаш Украина како земја сигурно не беше подготвена како што беше во февруари 2022 година“, изјави таа за Би-Би-Си.
Меркел признава дека дипломатските обиди за задржување на руските напади врз Украина не успеале, но инсистира дека тогашната политика била во согласност со европските цели во тоа време.
Покрај тоа, таа ги брани своите одлуки за време на мигрантската криза во 2015 година, што според некои ја направи морален лидер, додека други ја обвинија за зајакнување на екстремната десница.