Uncategorized
Боби Фишер погребан во Исланд
Шаховската легенда Боби Фишер (64), кој починаминатата недела, е погребан во понеделникот во Исланд, каде пред 35 години јаосвои титулата светски првак.
Шаховската легенда Боби Фишер (64), кој починаминатата недела, е погребан во понеделникот во Исланд, каде пред 35 години јаосвои титулата светски првак.
Портпаролотна Фишер, Гардар Сверисон, соопшти дека поранешниот светски првак во шах билпогребан во понеделникот изутрина, со скромна церемонија, во присуство нанеколкумина другари и пријателката, јапонската шахистка Мијоко Ватаи.
Посмртнитеостанки на Фишер се положени крај мала црква близу гратчето Селфос, на околу 60километри јужно од исландскиот главен град Рејкјавик.
Еденод присутните на погребната церемонија, кој побарал да остане анонимен, изјавилдека самиот Фишер побарал на неговото последно испраќање да присуствуваат самомал број на луѓе.
Тивкиот крај на животот на Фишер ево контраст со неговиот бурен живот на шаховската табла и надвор од неа.
Поранешниот вундеркинд еединствениот Американец, светски првак во шах, кој последните години од живототги мина во бегство од американските власти. Во САД му се закануваше долгогодишнаказна затвор поради прекршување на санкциите кон поранешна СР Југославија, со мечоткој во 1992 година го одигра против рускиот велемајстор Борис Спаски.
Тоа беше реприза на мечот засветската титула од 1972 година во Рејкјавик, што го доби Фишер.
Триумфот на Фишер над Спаски ставикрај на хегемонијата на непобедливата советска шаховска школа, која со исклучокна две години владееше од 1920 до 1972.
Фишер добиваше големи признанија одмногу светски шаховски шампиони. Еден од најголемите, Гари Каспаров, го наречешаховски гигант, а Вишванатан Ананд го нарекуваше Фишер „последниотромантичар“.
Самиот Фишер никогаш немашесомневање кој е најдобриот шахист на сите времиња. По тој повод еднашизјави:„Убаво е да бидеш скромен, но би било глупаво да не ја кажам вистината.Тоа е Фишер“.
/крај/бгнес/ег/
Copyright 2008
makfax
. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина иливо делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
„Најубавата мајка раѓа најубави деца“: Ана Курникова ги воодушеви фановите со семејна фотографија
Познатата тенисерка Ана Курникова (44) и Енрике Иглесијас (50) станаа родители по четврти пат. Иако името и полот на бебето сè уште се непознати, славниот пар покажа како изгледа.
Ана објави семејна фотографија од сите нивни деца, а секако немаше недостаток од убави коментари.
Многумина веќе ги нарекоа Ана и Енрике најубавиот пар на светот, а со тоа и нивните деца се „најубавите деца на светот“.
„Тие се прекрасни“, „Совршени деца“, „Вие сте најслаткото семејство на светот“, „Можете да видите колку го сакаат бебето“, „Нереални деца“, „Најубавата мајка раѓа најубави деца“, беа само дел од коментарите.
Не е познато кога Ана и Енрике ќе го откријат името на своето новородено бебе, но веројатно ќе се обидат да го чуваат во тајност што е можно подолго, со оглед на тоа што го правеле тоа со секое дете, а денес се познати како „обични“ родители кои се обидуваат да се осигурат дека нивните деца водат „нормален“ начин на живот и покрај тоа што се популарни на глобално ниво.
Ана Курникова ја заврши својата професионална кариера во 2003 година, а е во врска со Иглесијас од 2001 година.
Uncategorized
(Видео) Владата ги намали парите за загаден воздух за 50 отсто во споредба со лани, рече Лукаревска и праша кои конкретни мерки се преземени
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница посветена на пратенички прашања го праша министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, за кратењето на буџетските средства за заштита на животната средина и за тоа како Владата планира да се справи со аерозагадувањето кога од година на година ги намалува средствата за оваа намена.
„Во ребалансот на буџетот за 2025 година – заштитата на животната средина како функција на државата има евидентно намалување на буџетските средства за 13,4 % во износ од 868 милиони денари помалку сведувајќи се од 6,4 милијарди на речиси 5,6 милијарди денари за фискалната година. Најголемата промена е во ставката – намалување на загадувањето, каде што првично планираните 3,2 милијарди денари се сведуваат на 2,6 милијарди денари, што претставува приближно 19 % намален буџет, а во однос на претходната година планирано е тој да се намали за 48,2 %, тоа е речиси 50 %“, рече Лукаревска.
Таа нагласи дека е несвојствено да се кратат средства за области кои се рак рана на општеството и изрази загриженост за тоа како ќе се справиме со загадувањето, кој ќе биде третманот за отпадни води, како ќе ја заштитиме природата, каков квалитет на воздухот ќе имаме, како ќе се зајакне надзорната функција на Државниот инспекторат за труд и како ќе се унапредува животната средина.
„Моето прашање е кои конкретни мерки ги преземате како Влада, односно како ресорно министерство во борбата против аерозагадувањето имајќи го предвид фактот дека од година на година со секој буџет и ребаланс на буџетот ги намалувате средствата за справување со овој огромен проблем ?“, праша Лукаревска.
Лукаревска постави прашање и до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за неисполнувањето на обврските од реформската агенда, односно обврските за три реформи, кои се однесуваат на подобрување на деловната клима за малите и средните претпријатија.
Uncategorized
Израелски напад врз училиште во Појасот Газа
Петмина Палестинци загинаа при израелскиот напад врз училиште во квартот Ал Туфа, источно од градот Газа, каде се сместени раселени лица.
Помеѓу загинатите има и деца. При нападот повредени се и повеќе лица кои се хоспитализирани.
Израелската армија соопшти дека неколку осомничени лица се идентификувани надвор од обележаната линија за прекин на огнот и оти отвориле оган врз нив.
Хамас нападот го оцени како „брутално злосторство“ и уште едно кршење на Договорот за прекин на огнот.
Според палестинското Министерство за здравство во Газа, од стапувањето во сила на Договорот за прекин на огнот, убиени се 400 Палестинци.

