Uncategorized
Вооружени судири меѓу турската армија и ПКК
Првитевооружени судири меѓу припадницитена турската армија и членовите на Работничката партија на Курдите (ПКК)започнаа попладнево, откако Турција презеде копнена офанзива во Северен Ирак,јави дописникот на Макфакс.
Првитевооружени судири меѓу припадницитена турската армија и членовите на Работничката партија на Курдите (ПКК)започнаа попладнево, откако Турција презеде копнена офанзива во Северен Ирак,јави дописникот на Макфакс.
Судирите почнаа,откако турските командоси и пешадија навлегоа десеттина километри на територија на Ирак, во регионите на Хакурк, Рекама и Нерве, пренесуваат турските медиуми.
Иако Генералштабот на турскатаармија се уште не прецизира колкави сили се ангажирани во оваа операција, турскитемедиуми јавуваат дека во нападот учествуваат десет илјади војници, чиенавлегување во Северен Ирак се поддржува со хеликоптерите „Кобра” и “Скорски”.
Паралелно со ова, од теренстигнуваат информации дека од воздухопловната база во Дијарбакир полетале турските„фантоми” кои се упатиле кон Северен Ирак, а дека во ист правец се движат итенковски единици.
Турскиот Генералштаб соопшти дека „целна операцијата, која ја раководат генералот Бекир Калјонџу и уште деветмина другигенерали, не е насочена против целовитоста на Ирак, туку исклучиво противтерористичката ПКК и дека турските сили, откако ќе ги остварат целите, вонајкус рок ќе се вратат назад во Турција”.
Одлуката за започнување напрекуграничниот копнен напад била донесена уште во четвртокот на највисокодржавно – армиско ниво, но, не била соопштена на јавноста.
Нападот се изведува со знаење на СоединетитеАмерикански Држави, чии воени единици се наоѓаат во Ирак и кои во последновреме и даваат на Турција разузнавачки информации во врска со движењата на ПККво Северен Ирак. Турските медиуми јавија дека тоа го потврдил и портпаролот наамериканскиот воен штаб во Багдад, генерал Грегори Смит.
Тој изјавил дека турската операцијаќе биде во „ограничен временски период” и оти официјалните претставници наТурција “дале гаранции дека нема да бидат нанесени штети на цивилите”.
Претставниците на Американскатаамбасада во Анкара одбија да го коментираат турскиот напад во Северен Ирак.Портпаролот на Амбасадата изјави дека „се запознаени со соопштението на Генералштаботна турската армија” и оти „кон него немаат што да додадат”.
Веднаш по нападот, турскиот претседателАбдула Ѓул по телефон го повикал претседателот на Ирак, Џелал Талабани, на когому дал информации околу операцијата и го повикал да ја посети Анкара.
Телефонски разговор со премиерот на ирачката влада Нури Ел Малики имал итурскиот премиер Реџеп Таип Ердоан, а турските медиуми јавија дека во тојразговор ирачкиот премиер „го осудил непочитувањето на ирачките граници” и дека„побарал од Турција да ги поштеди цивилите”.
/крај/ик/ам
Copyright 200
8
makfax
.Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина иливо делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Мицкоски на средба со австрискиот амбасадор Памер: Идната влада ќе работи на уште позасилена соработка на економско поле помеѓу двете држави
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски денеска оствари средба со австрискиот амбасадор Мартин Памер.
Мицкоски му се заблагодари на Памер за поддршката што Македонија ја добива од Австрија на патот на евроинтеграциите.
Одличните односи помеѓу Македонија и Австрија на економско поле ќе бидат дополнително унапредувани и поттикнувано во наредниот период, истакна Мицкоски.
Воедно, беше потенциран и планот за борбата против корупцијата и криминалот, кои ќе бидат високо на агендата на идната влада.
Uncategorized
Силен земјотрес ја погоди Франција
Франција денеска ја погоди земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил на 10 километри југоисточно од градот Тарбес и 120 километри југозападно од Тулуз, на длабочина од четири километри, се наведува на веб-страницата ЕМСЦ.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Uncategorized
Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне нестабилно време со пороен дожд и грмежи
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне наместа, особено во северните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 29 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Во следните денови ќе се задржи топло време, но во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има услови процесите да бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме, со силен ветер, интензивен пороен дожд и изолирана појава на град.