Uncategorized
Буш побара истрага за пропустите околу спасувачката операција
Американскиот претседател Џорџ Буш побара синоќа спроведување истрага околу пропустите при спасувачката операција во јужните американски држави, по пустошот од ураганот „Катрин“.
Американскиот претседател Џорџ Буш побара спроведување истрага околу пропустите при спасувачката операција во јужните американски држави, по пустошот од ураганот „Катрин“.
Истрага, независно од Буш, побара и американскиот Конгрес и, најверојатно, одделно ќе се спроведуваат две истраги.
Буш синоќа соопшти дека во настраданите подрачја го испраќа потпретседателот Дик Чејни, кој треба одблиску да се запознае со ситуацијата и да предложи дополнителни мерки.
Барањето на Буш уследи по силниот притисок во домашната јавност. Барање за анкетна комисија околу пропустите, само ден претходно од Буш побара и сенаторката Хилари Клинтон, поранешната прва дама на САД.
Властите синоќа соопштија дека заклучно со вчерашниот ден, официјално биле регистрирани 234 загинати лица.
Најмногу загинати има во државата Мисисипи, 160, во Луизијана 59, на Флорида 11, а во Џорџија и Алабама има по две жртви.
Градоначалникот на Њу Орлеанс Реј Нагин, тврди дека бројот на загинатите во поплавите предизвикани од ураганот “Катрин“ само во овој американски град би можел да биде повеќе од 10.000 луѓе./крај/б
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Мицкоски на средба со австрискиот амбасадор Памер: Идната влада ќе работи на уште позасилена соработка на економско поле помеѓу двете држави
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски денеска оствари средба со австрискиот амбасадор Мартин Памер.
Мицкоски му се заблагодари на Памер за поддршката што Македонија ја добива од Австрија на патот на евроинтеграциите.
Одличните односи помеѓу Македонија и Австрија на економско поле ќе бидат дополнително унапредувани и поттикнувано во наредниот период, истакна Мицкоски.
Воедно, беше потенциран и планот за борбата против корупцијата и криминалот, кои ќе бидат високо на агендата на идната влада.
Uncategorized
Силен земјотрес ја погоди Франција
Франција денеска ја погоди земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил на 10 километри југоисточно од градот Тарбес и 120 километри југозападно од Тулуз, на длабочина од четири километри, се наведува на веб-страницата ЕМСЦ.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Uncategorized
Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне нестабилно време со пороен дожд и грмежи
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне наместа, особено во северните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 29 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Во следните денови ќе се задржи топло време, но во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има услови процесите да бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме, со силен ветер, интензивен пороен дожд и изолирана појава на град.