Uncategorized
Наредена присилна евакуација од Њу Орлеанс
Градоначалникот на Њу Орлеанс Реј Нагин и нареди денеска на војската и полиција да почнат со присилни евакуации од поплавениот град.
Градоначалникот на Њу Орлеанс Реј Нагин и нареди денеска на војската и полиција да почнат со присилни евакуации од поплавениот град.
Нивото на водата во Њу Орлеанс полека опаѓа, но и натаму има луѓе кои не сакаат да го напуштат градот, и покрај предупредувањето на Хагин за опасност од болести поради загадената вода.
Се претпоставува дека во градот се останати околу 10,000 жители, меѓу кои и семејства што повеќе од една недела се заробени во нивните домови.
Полицијата соопшти дека присилната евакуација се уште не е започната, бидејќи и натаму ги убедува луѓето мирно да ги напуштат своите куќи.
Градоначалникот ги повика “непослушните“ барем на кратко да заминат и да им овозможат на надлежни да го “исчистат“ Њу Орлеанс.
За таа цел, Пентагон почна со испраќање на 5,000 падобранци, кои со мали бродови ќе почнат нови потраги и спасувачки операции во градот.
Напоредно, инженерите забрзано работат на испумпување на водата од поплавениот град и се надеваат дека целата работа ќе може да ја завршат за неколку недели.
Воените инженери тврдат дека рокот за испумпување на водата варира од три недели до три месеци, зависно од тоа какви ќе бидат временски услови, состојбата на пумпите и пред се од тоа колку мртви тела и остатоци од разурнатите згради се под вода.
“Работата дополнително ни ја отежнуваат и спорадичните пресметки меѓу вооружените криминалци“, изјави главниот воен инжинер Ричард Бегнар.
Началникот на полицијата во Њу Орлеанс Еди Компоас изјави дека безаконието во градот драстично опаднало, а полицијата предупреди дека на сите кои ќе бидат фатени како крадат им се заканува казна затвор и до 15 години.
Секретарот за заштита на животната средина на Луизијана Мајм Мекданиел рече дека и покрај сите компликации, водата од градот мора да се испумпа, или во спротивно “ноќната мора ќе продолжи“.
Според него, водата ќе се излева во езерото Понкартрејн, иако е загадена од одводната канализација, тешки метали, нафта и од други опасни супстанци.
Додека во погодените подрачја траат операциите за расчистување и потрага по преживеани, во Вашингтон се разжестува расправата за тоа кој е одговорен за доцнење на спасувачката акција, бидејќи од порано беше предупредено дека ураганот “Катрина“ќе ја пробие браната што го штитеше Њу Орлеанс.
Белата куќа најави оти ќе издвои 40 до 50 милијарди долари за помош на настраданите во три сојузни држави – Мисисипи, Луизијана и Алабама, кои пред повеќе од една недела ги погоди Катрина и предизвика една од најголемите природни катастрофи во американската историја./крај/б/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.
Uncategorized
(Видео) Владата ги намали парите за загаден воздух за 50 отсто во споредба со лани, рече Лукаревска и праша кои конкретни мерки се преземени
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница посветена на пратенички прашања го праша министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, за кратењето на буџетските средства за заштита на животната средина и за тоа како Владата планира да се справи со аерозагадувањето кога од година на година ги намалува средствата за оваа намена.
„Во ребалансот на буџетот за 2025 година – заштитата на животната средина како функција на државата има евидентно намалување на буџетските средства за 13,4 % во износ од 868 милиони денари помалку сведувајќи се од 6,4 милијарди на речиси 5,6 милијарди денари за фискалната година. Најголемата промена е во ставката – намалување на загадувањето, каде што првично планираните 3,2 милијарди денари се сведуваат на 2,6 милијарди денари, што претставува приближно 19 % намален буџет, а во однос на претходната година планирано е тој да се намали за 48,2 %, тоа е речиси 50 %“, рече Лукаревска.
Таа нагласи дека е несвојствено да се кратат средства за области кои се рак рана на општеството и изрази загриженост за тоа како ќе се справиме со загадувањето, кој ќе биде третманот за отпадни води, како ќе ја заштитиме природата, каков квалитет на воздухот ќе имаме, како ќе се зајакне надзорната функција на Државниот инспекторат за труд и како ќе се унапредува животната средина.
„Моето прашање е кои конкретни мерки ги преземате како Влада, односно како ресорно министерство во борбата против аерозагадувањето имајќи го предвид фактот дека од година на година со секој буџет и ребаланс на буџетот ги намалувате средствата за справување со овој огромен проблем ?“, праша Лукаревска.
Лукаревска постави прашање и до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за неисполнувањето на обврските од реформската агенда, односно обврските за три реформи, кои се однесуваат на подобрување на деловната клима за малите и средните претпријатија.
Uncategorized
Израелски напад врз училиште во Појасот Газа
Петмина Палестинци загинаа при израелскиот напад врз училиште во квартот Ал Туфа, источно од градот Газа, каде се сместени раселени лица.
Помеѓу загинатите има и деца. При нападот повредени се и повеќе лица кои се хоспитализирани.
Израелската армија соопшти дека неколку осомничени лица се идентификувани надвор од обележаната линија за прекин на огнот и оти отвориле оган врз нив.
Хамас нападот го оцени како „брутално злосторство“ и уште едно кршење на Договорот за прекин на огнот.
Според палестинското Министерство за здравство во Газа, од стапувањето во сила на Договорот за прекин на огнот, убиени се 400 Палестинци.

