Uncategorized
Меркел со остри зборови до Шредер
Сојузниот канцелар Герхард Шредер и шефицата на конзервативната опозиција Ангела Меркел, денеска, во последната дебата на сегашниот состав на Бундестагот, разменија остри зборови и на граѓаните, спроти сојузните избори на 18.септември, се обидоа да им ја претстават сопствената политка како вистинска опција за иднината.
Сојузниот канцелар Герхард Шредер и шефицата на конзервативната опозиција Ангела Меркел, денеска, во последната дебата на сегашниот состав на Бундестагот, разменија остри зборови и на граѓаните, спроти сојузните избори на 18.септември, се обидоа да им ја претстават сопствената политка како вистинска опција за иднината.
Меркел му рече на Шредер е веќе “минато“, и оти неговата црвено-зелена коалиција “грандиозно пропадналa“. Таа, во воинствен говор, му префрли на противкандидатот дека “не успеал да изработи концепт за иднината“.
Канцеларот, пак, во извештајот за работата на владата направи позитивен биланс на својот седумгодишен “стаж“ на местото шеф на влада и оцени оти земјата е на “вистински пат“./Макфакс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.
Uncategorized
Автомобил удри во заштитна ограда кај Градско, повредени две жени
На регионалниот пат Градско-Неготино во близина на мостот на Црна река, автомобил со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.П.(47) од Градско, удрило во заштитна метална ограда.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Н.М.(57), а со телесни повреди се здобила сопатничката Б.П.(45), двете од Градско, констатирани во болницата во Велес.
Извршен е увид.