Uncategorized
Пауел: Извештајот за Ирак во ООН, за мене е црна дамка во кариерата
Поранешниот американски државен секретар Колин Пауел синоќа призна дека неговото обраќање пред Советот за безбедност на Обединетите нации во 2003 година за ирачкото вооружување за масовно уништување, претставува “дамка“ врз неговата кариера.
Поранешниот американски државен секретар Колин Пауел синоќа призна дека неговото обраќање пред Советот за безбедност на Обединетите нации во 2003 година за ирачкото вооружување за масовно уништување, претставува “дамка“ врз неговата кариера.
“Тоа е дамка, бидејќи јас сум тој што ја направи декларацијата од името на САД, и дамката ќе биде дел од мојот биланс“, изјави Пауел за телевизијата “Еј-Би-Си“.
Првиот дипломат на САД нагласи дека периодот од 2001 до 2005 година за него е “болна“ епизода.
На 5 мај 2003 година Пауел пред Советот за безбедност на ОН презентираше опширен извештај во кој се тврдеше дека Ирак поседува оружје за масовно уништување, кое подоцна при воената интервенција не беше пронајдено./крај/бг/ст/б
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.
Uncategorized
Автомобил удри во заштитна ограда кај Градско, повредени две жени
На регионалниот пат Градско-Неготино во близина на мостот на Црна река, автомобил со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.П.(47) од Градско, удрило во заштитна метална ограда.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Н.М.(57), а со телесни повреди се здобила сопатничката Б.П.(45), двете од Градско, констатирани во болницата во Велес.
Извршен е увид.