Uncategorized
ЕТА за три месеци може да прогласи примирје
Постојаните контакти на шпанската влада и терористичката организација ЕТА би требало да резултираат со објавување на примирје во идните три месеци, пишува денеска мадридски Ел Мундо.
Постојаните контакти на шпанската влада и терористичката организација ЕТА би требало да резултираат со објавување на примирје во идните три месеци, пишува денеска мадридски Ел Мундо.
“Двете страни преговараат за примирје”, го цитира весникот својот извор додавајќи дека дата е практично веќе е договорена.
Изворите наведуваат дека вооружената формација, која со децении со тероризам настојува да дојде до независност на покраината Баскија, покажала подготвеност за продолжување на процесот што би требало да заврши со нејзино конечно отфрлување на вооружените активности.
Ако во следните недели дојде до примирје, премиерот Хосе Луис Запатеро ќе може од парламентот и формално да побара дозвола за преговори со ЕТА, одговорна за смртта на повеќе од 800 лице во изминативе 36 години.
Ел Мундо наведува и дека владата покажала подготвеност за преговори за судбината на околу 800 припадници на ЕТА кои служат затворски казни.
ЕТА не сторила убиство од мај 2003., но изведуваше напади во кои немаше жртви./крај/хн/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.
Uncategorized
Автомобил удри во заштитна ограда кај Градско, повредени две жени
На регионалниот пат Градско-Неготино во близина на мостот на Црна река, автомобил со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.П.(47) од Градско, удрило во заштитна метална ограда.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Н.М.(57), а со телесни повреди се здобила сопатничката Б.П.(45), двете од Градско, констатирани во болницата во Велес.
Извршен е увид.