Uncategorized
Хамас ќе го признае Израел ако тоа го сакаат Палестинците
Хамас е подготвен на Израел даму го признае правото на живот во мир, доколку се склучи мировен договор којшто на референдум ќе биде одобрен од Палестинците.
Хамас е подготвен на Израел даму го признае правото на живот во мир, доколку се склучи мировен договор којшто на референдум ќе биде одобрен од Палестинците.
Оваденеска го изјави поранешниот американски претседател Џими Картер, повикувајќисе на лидерите на исламистичкото движење.
„Хамаспосочи дека е подготвен да ја прифати палестинската држава во рамки награницата од 1967 година, доколку Палестинците го потврдат и го прифататправото на Израел да живее во мир како близок сосед“, истакна Картер.
Тојво саботата во Дамаск се состана со шефот на Хамас во егзил, Калед Мешал.
Картеристакна дека Хамас е подготвен да го признае мировниот договор што го составијаизраелскиот премиер Ехид Олмерт и палестинскиот премиер Махмуд Абас под условистиот да го одобрат Палестинците, дури и Хамас да не се согласува со одредениделови од договорот.
Израели Соединетите Американски Држави (САД) го сметаат Хамас за терористичкаорганизација и строго ја критикуваа средбата.
/крај/хи/амп
Copyright 2008
makfax
. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина иливо делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 м во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и во Струмица
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 м има во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и Струмица, соопштуваат од АМСМ.
„Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево“, посочуваат од АМСМ.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.