Uncategorized
Нови судири во Шри Ланка – над 140 загинати
Повеќе од 140бунтовници и војници загинаа синоќа во судирите на северот од Шри Ланка, додеканад 33 војници се водат како исчезнати, изјави воениот портпарол УдајаНанајакара.
Повеќе од 140бунтовници и војници загинаа синоќа во судирите на северот од Шри Ланка, додеканад 33 војници се водат како исчезнати, изјави воениот портпарол УдајаНанајакара.
Судирите сеслучија околу Мухамалаија, на 390 километри северно од Коломбо, а во првите 11часови од борбата загинаа најмалку 100 екстремисти и 43 војници.
Ова се најжестокисудири од април 2006 година кога војската ја започна операцијата противбунтовниците.
Воениот портпаролизјави дека долж воената линија започна потрага по 33 исчезнати војници, додекана протамилскиот веб сајт е објавено дека припадниците на Тамилските тигриоткриле најмалку 30 трупови.
Тој додаде декавојската откри девет трупови на талибански екстремисти и оти во најновитесудири се повредени 160 војници и 196 бунтовници.
Најголемиот бројна повредени војници е префрлен во Коломбо на лекување, додека телата назагинатите се пренесени во престолнината за да бидат закопани.
Владините трупи,во последните четири месеци, се обидуваат повторно да ја заземат областа восеверот на државата и планираат тоа да го сторат до крајот на годината.
/крај/б92/ис
Copyright 2008
makfax
. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина иливо делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Дел од Гази Баба без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од потрошувачите на ул.Панче Пешов бр.1,3,5и7 ( општина Гази Баба ).
Uncategorized
Германија подготвува список на бункери за итни засолништа за цивили, соопшти полицијата
Германија подготвува список на бункери кои би можеле да обезбедат итно засолниште за цивили, соопшти германското МВР.
Ќе се состави дигитална листа на бункери и засолништа за итни случаи за луѓето да можат брзо да ги најдат со помош на апликација за телефон.
Апликацијата е планирана да им овозможи на граѓаните да најдат засолниште за итни случаи на места како што се подземни железнички станици и паркинзи, јавни и приватни згради, објави Гардијан.
Uncategorized
Меркел за Би-Би-Си: Војната ќе почнеше уште порано ако не го блокиравме пристапот на Украина во НАТО во 2008 година
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел изјави за Би-Би-Си дека војната во Украина би започнала порано доколку таа не го блокирала влезот на земјата во НАТО во 2008 година.
Ангела Меркел беше на чело на Германија 16 години, во кои се случи финансиската криза, мигрантската криза од 2015 година и руската инвазија на Украина во 2014 година.
Меркел за време на интервјуто тврдеше дека војната во Украина би започнала порано и веројатно би била полоша доколку Киев го започнал процесот за влез во НАТО во 2008 година.
„Ќе гледавме воен конфликт и порано. Апсолутно ми беше јасно дека претседателот Путин нема мирно да гледа како Украина се приклучува на НАТО. И тогаш Украина како земја сигурно не беше подготвена како што беше во февруари 2022 година“, изјави таа за Би-Би-Си.
Меркел признава дека дипломатските обиди за задржување на руските напади врз Украина не успеале, но инсистира дека тогашната политика била во согласност со европските цели во тоа време.
Покрај тоа, таа ги брани своите одлуки за време на мигрантската криза во 2015 година, што според некои ја направи морален лидер, додека други ја обвинија за зајакнување на екстремната десница.