Uncategorized
Човечкиот род бил пред изумирање пред 70,000 години

Човечкиот род билна работ од изумирање пред речиси 70,000 години, покажува спроведеното генетскоистражување од големи размери.
Човечкиот род билна работ од изумирање пред речиси 70,000 години, покажува спроведеното генетскоистражување од големи размери.
Во периодот пред 70,000 години,популацијата на Земјата била разделена на мали, изолирани групи во Африка,поради суша, покажуваат анализите, извршени во рамки на истражувањето.
Проучувањето што го извршијаексперти од Стафорд, на Земјата останале околу 2,000 луѓе, пред нивниот бројповторно да се зголеми, во раното камено доба.
„Истражувањето ја покажаневеројатната моќ на генетиката, која може да расветли некои од клучнитеслучувања во историјата на човечкиот род“, наведе Спенсер Велс, генетичар од Нешнлџеографик, директор на географскиот проект, започнат во 2005 година, со цел проучување на антропологијата со помош нагенетиката.
Миграцијата на луѓето од Африка, кои почнале да го населуваат остатокотод Земјата, почнала пред 80,000 години.
/крај/бгнес/ег/
Copyright 2008
makfax
. Сите права се задржани. Текстовне смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized
(Фото) По разводот, Ана Ивановиќ не може да ја симне насмевката од лицето, се јави од Мајорка

Српската тенисерка Ана Ивановиќ овие денови максимално го ужива летото судејќи според нејзините објави на „Инстаграм“.
Таа објави неколку фотографии на социјалните мрежи. Позира на плажа и во еден бар, облечена во кафеав фустан од Poupette St Barth со шапка од Hermès и очила за сонце Celine.
Пред тоа таа се пофали и со фотографии од плажа покажувајќи како се сонча и излегува со пријателите, но и дека не ја заборавила својата најголема љубов – тенисот. На сите фотографии во последно време Ивановиќ не симнува насмевка од лицето.
View this post on Instagram
Адвокатот на Ана Ивановиќ, Кристијан Шерц, потврди во изјава за германскиот весник „Билд“ кон крајот на минатиот месец дека поранешната српска тенисерка и светскиот шампион во фудбал, Бастијан Швајнштајгер, се разделиле. Во писмото, кое го доби и германската новинска агенција ДПА, се наведува дека раскинувањето се должи на непомирливи разлики“.
фото: принтскрин
Uncategorized
Голем број битолчани го искористија бесплатниот скрининг за Хепатитис и болести на црниот дроб

По повод Светскиот ден за борба против хепатитис, во Битола се реализираше бесплатен скрининг за хепатитис Б, Ц и ХИВ, како и еластографија, спроведени со мобилната медицинска единица од Скопје.
Настанот беше дел од националната кампања, организиран во партнерство со: Хепар Центар Битола, Министерството за здравство, Клиниката за гастроентерохепатологија, Клиниката за инфективни болести – Скопје, Официјалната комисија за хепатоцелуларен карцином, Општина Битола, Центарот за јавно здравје – Битола и Клиничката болница Битола.
Граѓаните покажаа исклучителен интерес за скринингот, кој поради зголемената посетеност продолжи еден час подолго од планираното – сè до 13:15 часот – со цел да им се овозможи на сите заинтересирани да се тестираат.
Особено значајна беше поддршката од страна на градоначалникот Тони Коњановски, кој лично ја посети мобилната единица и ја поздрави оваа важна здравствена иницијатива.
Националната кампања за бесплатен и анонимен скрининг за навремено детектирање на болести на црн дроб се реализира во 10 градови во државата. Целта е подигнување на свесноста за црнодробните болести, како што се црнодробен карцином, замастување на црниот дроб од алкохолна и неалкохолна природа, цироза и ретки болести на црн дроб.
Uncategorized
Пожарникарите неуморно и секојдневно на терен, во едно деноноќие се гасеа 33 пожари

Во текот на изминатото деноноќие евидентирани се вкупно 33 пожари на отворен простор, од кои 12 се активни, пет се ставени под контрола, а 16 се изгаснати.
Активни пожари има во: Василево / Радовиш / Берово – с. Нивичино, планина Голем Готен и Малешевските Планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација); Прилеп 1 – с. Бешиште, Бешишки Рид, кон с. Градешница (Новаци) и крак кон границата со Р. Грција (мешана шума); Прилеп 2 – активен крак кон с. Дрен, проширен кон с. Галиште (Кавадарци); под контрола помеѓу Царевиќ и Смолани (мешана шума и нискостеблеста вегетација); Македонски Брод – помеѓу Црешево, Локвица и Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација); Желино – помеѓу с. Церово и с. Групчин (нискостеблеста и деградирана шума); Петровец – с. Средно Коњаре, крај р. Пчиња (мешана шума); Зелениково – с. Гумалево (ниска и мешана вегетација); Крива Паланка – с. Нерав (висока борова шума); Старо Нагоричане / Куманово – с. Облавце, Бељаковце, Довезенце, Јачинце (ниска вегетација); Старо Нагоричане – с. Руѓинце (ниска вегетација); Василево 1 – с. Сушево (грмушки и ниска вегетација); и Василево 2 – с. Добрашинци (грмушки и ниска вегетација).
Под контрола се пожарите во: Македонски Брод 1 – с. Грешница (мешана шума и сува трева); Македонски Брод 2 – с. Латово (ниска вегетација и деградирана шума); Струмица – с. Баница и населба Софилари (висока трева); Карбинци – с. Јунузлија (шума); и Штип – помеѓу с. Драгоево и Селце (нискостеблеста шума, прнар и сува трева).
Изгаснати се пожарите во: Сарај 1 – с. Семениште (стрниште и гранки); Сарај 2 – с. Паничари (сува трева); Гази Баба – с. Трубарево (стрниште, грмушки и сува трева); Шуто Оризари – ул. Брсјачка Буна (дива депонија); Кривогаштани – кај депонијата (сува трева и грмушки); Струмица – м.в. Три Води (ниска вегетација и мешана шума); Василево – с. Василево (ниска вегетација); Струга 1 – с. Калишта (ниска вегетација и ѓубриште); Струга 2 – с. Октиси (депонија); Штип – кај м.в. 9-ти км (сува трева); Карбинци – с. Радање (стрниште, сува трева и штала); Куманово 1 – н. Бедиње (ниска вегетација); Куманово 2 – с. Табановце (сува трева); Куманово 3 – ул. Никола Тесла (сува трева); Куманово 4 – с. Тромеѓа (сува трева); и Теарце – с. Непроштено (сува трева).