Uncategorized
Монструм над 20 години ја силувал ќерката и имал седум деца со неа
Австрискатаполиција потврди дека 73-годишен Австриец ја силувал и држел во заточеништво 24години својата родена ќерка, со која имал и седум деца.
Австрискатаполиција потврди дека 73-годишен Австриец ја силувал и држел во заточеништво 24години својата родена ќерка, со која имал и седум деца.
Портпаролот наавстриската полиција Франц Полцер изјави дека мажот, познат и како господин Ф(Јозеф Фрицл), го признал силувањето на ќерката Елизабет Фрицл, која повеќе од20 години во повеќе наврати ја силувал во заточеништво.
Тој признал декаедно дете близнак родено во 1996. година, што го родила неговата ќерка, умрелопо породувањето, а Јозеф од мртвото тело на новороденчето се решил така што гозапалил во печката во својот дом.
Полцер рече декасе уште се спроведуваат ДНК тестови што треба да потврдат дали Јозеф Фрицл енавистина татко на седумте деца што ги родила неговата ќерка Елизабет, којасега има 42 години.
Елизабет Фрицлисчезнала во 1984. година. Случајот почнал да се расветлува кога ќерката наЕлизабет, 19-годишната Кристен, била хоспитализирана во болница во Амстетен,рурално гратче на 150 километри западно од Виена, откако паднала во несвест. Воболницата ја однел дедото/таткото, кој на болничките органи им рекол декабиолошката мајка на Кристен бара помош за својата ќерка.
Полицијатанаведува дека ДНК анализата покажала дека дедото на Кристен е и нејзин татко,пренесува австриската државна агенција ОРФ. Ова откритие покрена големаполициска акција при што било откриено дека Јозеф ја силувал својата ќерка сокоја имал деца и која ја присилувал да живее затворена во подрум.
Децата се навозраст меѓу пет и 19 години. Јозеф во текот на истрагата ги одвел полицајцитево скриените простории, каде што можело да се влезе само со електронски код. Наќерката и на децата во подрумот им изградил спална, кујна и купатило.
Јозеф и Кристенво саботата се приведени во близина на болницата во Амстетен, по „таинствениотповик“.
Откако билообезбедено Елизабет никогаш повеќе да не се сретне со својот татко, таа добилашанса на полицијата да и ја раскаже целата приказна.
Монструмот вокуќата на стравот живеел заедно со својата сопруга Розмари, која предполицијата потврдила дека немала поим што се случувало во нивниот подрум.
Тие двајцата гипосвоиле трите деца на Елизабет, а Јозеф и рекол на сопругата дека нивнатаисчезната ќерка намерно ги отфрлила своите несакани деца бидејќи не можела дасе грижи за нив.
Преостанатите тридеца живееле со својата мајка во подрумот и никогаш не ја виделе дневнатасветлина.
/крај/ин/ст
Copyright
2008
makfax
. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати илиемитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Стравична несреќа на автопатот Скопје–Куманово: Две возила целосно изгореа по судир, еден тешко повреден
Синоќа на автопатот Скопје – Куманово, пред клучката за обиколницата на главниот град, се случила тешка сообраќајна несреќа во која двете возила што се судриле целосно изгореле.
Според информациите од полицијата, судирот се случил помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 25-годишниот А.В. од селото Бујковци, и товарно возило „мерцедес“ со полуприколка, со неготински таблички, управувано од Љ.Д. (56) од село Брест, штипско.
По ударот, двете возила се запалиле и целосно изгореле. Во несреќата, возачот на патничкото возило се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му била укажана лекарска помош.
На местото на несреќата излегла увидна екипа.
Фото: илустрација (depositphotos)
Uncategorized
Бајден: Знаеме кои сме, време е да му го покажеме тоа на светот и на самите себе
Џо Бајден им се придружи на американските претседатели од редовите на Демократската партија во осудата на смртоносната пукотница во Минеаполис. Коментирајќи ја веста дека федералните агенти го убиле 37-годишниот медицински техничар Алекс Прети, Бајден рече дека чинот претставува „предавство на најосновните вредности на Американците“.
Во изјавата во која се повикува на уставното право на правична постапка, Бајден рече: „Ние не сме земја што пука во своите граѓани на улица. Ние не сме земја што дозволува бруталност врз граѓаните за остварување на нивните уставни права. Ние не сме земја што го гази Четвртиот амандман и толерира тероризирање на нашите соседи“.
„Луѓето од Минесота нè потсетија на сè што значи да се биде Американец, а тие веќе претрпеа премногу под оваа администрација. Насилството и теророт немаат место во САД, особено кога нивната сопствена влада ги таргетира американските граѓани“, додаде тој.
Во малку прикриена критика кон Доналд Трамп, чија администрација се соочува со растечки критики за тактиките за имиграција, Бајден истакна: „Никој не може да го уништи она за што се залага и во што верува Америка, дури ни претседателот, ако ние, целата Америка, се заложиме и проговориме“.
„Знаеме кои сме. Време е да го покажеме тоа на светот. Уште поважно, време е да го покажеме и на самите себе“, истакна тој. Тој повика на „целосни, фер и транспарентни“ истраги за „бесмислените“ убиства на Прети и Рене Гуд.
Изјавата на Бајден следува по осудите што ги упатија претходно Барак Обама и Бил Клинтон. И двајцата ги повикаа Американците да проговорат и предупредија дека основните американски вредности се нападнати по засилената репресија на администрацијата на Трамп против имиграцијата во Минеаполис.
По напуштањето на функцијата, Бајден претежно се држеше подалеку од јавноста. Тој моментално се лекува од рак на простата и е ангажиран во пишување мемоари и развивање на претседателската библиотека.
Неговите изјави доаѓаат во време кога многу демократи се незадоволни од неговата одлука да остане претседателски кандидат на партијата долго време во текот на изборниот циклус во 2024 година, потег што критичарите го оценија како ослабување на моментумот на партијата.
Бајден на крајот ѝ ја отстапи номинацијата на потпретседателката Камала Харис, која Трамп ја победи и освои втор мандат во Белата куќа.
Uncategorized
Најдено тело на четиригодишно дете кое паднало oд брод со мигранти
Крајбрежната стража на Грција вчеравечер уапси маж кој со брод се обидел да избега додека криумчарел мигранти, додека пак пред два дена, по дојава дека биле истоварени мигранти кај Икарија, властите пронашле тело на четиригодишно дете.
Патрола на крајбрежната стража го забележала бродот како се движи со голема брзина кон западниот брег на Хиос, по што започнала потера, а криумчарот отишол кон плажата Гларој каде ги „истоварил“ сите патници кои избегали.
Подоцна, Крајбрежната стража и локалната полиција подоцна пронајдоа 16 мажи, 11 жени и девет деца, по што биле однесени во прифатен центар на Хиос.

