Uncategorized
Воената хунта во Мјанмар прифати американска хуманитарна помош
Воената хунта наМјанмар им дозволи на САД со воени авиони да достават хуманитарна помош вообластите загрозени од налетите на циклонот „Нагрис“, потврди американскатаамбасада во Бангкок.
Воената хунта наМјанмар им дозволи на САД со воени авиони да достават хуманитарна помош вообластите загрозени од налетите на циклонот „Нагрис“, потврди американскатаамбасада во Бангкок.
Врховниоткомандант на тајландската војска, генерал Бонсранг Ниумпрадит изјави декаТајланд посредувал во разговорите меѓу Мјанмар и САД, за да се дозволи наамериканските воени авиони да достават помош до преживеаните.
Според најавите,првиот американски транспортен авион веќе утре ќе полета од Тајланд.
Се стравува декабројот на жртвите од циклонот што го погоди Мјанмар би можел да биде 100.000луѓе. Од циклонот најтешко беше погодена делтата на реката Иравади, во југозападниотдел на земјата, каде што живеат околу 24 милиони жители, или речиси половина однаселението во Мјанмар.
/крај/он/ст
Copyright
2008
makfax
. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати илиемитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Дел од Гази Баба без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од потрошувачите на ул.Панче Пешов бр.1,3,5и7 ( општина Гази Баба ).
Uncategorized
Германија подготвува список на бункери за итни засолништа за цивили, соопшти полицијата
Германија подготвува список на бункери кои би можеле да обезбедат итно засолниште за цивили, соопшти германското МВР.
Ќе се состави дигитална листа на бункери и засолништа за итни случаи за луѓето да можат брзо да ги најдат со помош на апликација за телефон.
Апликацијата е планирана да им овозможи на граѓаните да најдат засолниште за итни случаи на места како што се подземни железнички станици и паркинзи, јавни и приватни згради, објави Гардијан.
Uncategorized
Меркел за Би-Би-Си: Војната ќе почнеше уште порано ако не го блокиравме пристапот на Украина во НАТО во 2008 година
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел изјави за Би-Би-Си дека војната во Украина би започнала порано доколку таа не го блокирала влезот на земјата во НАТО во 2008 година.
Ангела Меркел беше на чело на Германија 16 години, во кои се случи финансиската криза, мигрантската криза од 2015 година и руската инвазија на Украина во 2014 година.
Меркел за време на интервјуто тврдеше дека војната во Украина би започнала порано и веројатно би била полоша доколку Киев го започнал процесот за влез во НАТО во 2008 година.
„Ќе гледавме воен конфликт и порано. Апсолутно ми беше јасно дека претседателот Путин нема мирно да гледа како Украина се приклучува на НАТО. И тогаш Украина како земја сигурно не беше подготвена како што беше во февруари 2022 година“, изјави таа за Би-Би-Си.
Меркел признава дека дипломатските обиди за задржување на руските напади врз Украина не успеале, но инсистира дека тогашната политика била во согласност со европските цели во тоа време.
Покрај тоа, таа ги брани своите одлуки за време на мигрантската криза во 2015 година, што според некои ја направи морален лидер, додека други ја обвинија за зајакнување на екстремната десница.