Uncategorized
Кој е прв, а кој последен во Европската унија?
Македонија сестреми кон Европската унија, која денеска го слави својот 58 роденден.
Македонија сестреми кон Европската унија, која денеска го слави својот 58 роденден.
По тој повод потсетуваме деканајбогати во ЕУ се жителите на Лускембург, кои имаат куповна моќ од 280,9 настонад европскиот просек. Зад нив се Ирците и Холанѓаните, а на дното со само 39проценти од просечната европска куповна моќ се Бугарите. Ним во сиромаштијатадруштво им прават Романците и Полјаците.
Бугарите имаат најниска плата од1,65 евра на час, а најмногу заработуваат Швеѓаните и тоа 32,16 евра на час. Насмеаниземаат плата и вработените во Луксембург, Белгија и Франција. Платите варираати според регионите и градовите. Така една анализа покажа дека најдобро сезаработува во Копенхаген, Даблин, Франкфурт и Брисел.
Држава со најмногу, 23 проценти,сиромашни луѓе во ЕУ е Летонија. Следуваат Грција, Литванија Италија и Шпанијасо удел на сиромашните над 20 проценти. Најмалку сиромашни има во Чешка и воХоландија со по околу 10 насто.
Најмногу свадби има на Кипар и тоаседум на илјада жители. Многу се венчаваат и во Романија и во Данска, а свадбине сакаат Словенците (три на илјада жители). Најмногу разводи има во Литванија.
Најмногу пари по ресторани и хотелиоставаат Шпанците 18,5 насто од семејниот буџет. Зад нив следуваат Грците иИрците. Од оваа забава речиси се лишуваат Полјаците, Литванците, но иБелгијанцитеe
(поопширно во рубрикататема)
Copyright
2008
makfax
. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати илиемитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Мицкоски на средба со австрискиот амбасадор Памер: Идната влада ќе работи на уште позасилена соработка на економско поле помеѓу двете држави
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски денеска оствари средба со австрискиот амбасадор Мартин Памер.
Мицкоски му се заблагодари на Памер за поддршката што Македонија ја добива од Австрија на патот на евроинтеграциите.
Одличните односи помеѓу Македонија и Австрија на економско поле ќе бидат дополнително унапредувани и поттикнувано во наредниот период, истакна Мицкоски.
Воедно, беше потенциран и планот за борбата против корупцијата и криминалот, кои ќе бидат високо на агендата на идната влада.
Uncategorized
Силен земјотрес ја погоди Франција
Франција денеска ја погоди земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил на 10 километри југоисточно од градот Тарбес и 120 километри југозападно од Тулуз, на длабочина од четири километри, се наведува на веб-страницата ЕМСЦ.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Uncategorized
Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне нестабилно време со пороен дожд и грмежи
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне наместа, особено во северните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 29 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Во следните денови ќе се задржи топло време, но во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има услови процесите да бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме, со силен ветер, интензивен пороен дожд и изолирана појава на град.