Uncategorized
Бан Ки Мун нуди надеж и помош за Мјанмар

Генералниот секретар на ОНБан Ки Мун испрати денеска во Мјанмар „порака на надеж„ за настраданите одциклонот и од воените власти побара да дозволат влез на значителна хуманитарнапомош за 2,4 милиони луѓе без покрив над главата.
Генералниот секретар на ОНБан Ки Мун испрати денеска во Мјанмар „порака на надеж„ за настраданите одциклонот и од воените власти побара да дозволат влез на значителна хуманитарнапомош за 2,4 милиони луѓе без покрив над главата.
„Уверен сум дека ќе успеемеда ја надминеме оваа трагедија. Сакам на вашите луѓе да им донесам порака нанадеж“, рече Бан Ки Мун во пагодата Шведагон, најсветиот будистички храм во Мјанмар.
„Воисто време, се надевам дека вашите луѓе и влада ќе успеат да го координираатдоставувањето на помошта со цел хуманитарниот ангажман да може да тече насистематски и организиран начин“,наведе генералниот секретар на Обединетитенации.
Според Бан Ки Мун, хуманитарните екипи успеале да стигнат само дочетвртина од луѓето на кои помошта им е потребна по разорниот циклон.
/макфакс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized
Грција бара помош за справување со големите пожари
За активните пожари на неколку различни локации низ целата земја, Грција побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да се испратат шест авиони.
Од попладнево, грчките пожарникари водат битка во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки за превентивна евакуација до жителите на зафатените области.
Портпаролот на противпожарната служба информираше дека во сите пожари интервенираат голем број пожарникари заедно со копнени и воздушни средства, но и дека во деловите каде што се пожарите е пријавена штета, чија процена ќе се направи кога ќе заврши гаснењето.
– Сите пожари што избувнуваат овие денови, а особено денеска, брзо се шират, стануваат опасни, а се очекува овие услови да преовладуваат и во наредните денови. Поради оваа причина, нашата земја побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да ни обезбеди шест авиони, рече Василис Ватракојанис.
Uncategorized
Го онесвестиле удирајќи го со клешти оти се сомневале дека им краде лубеници

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека заедно во група извршиле кривично дело – Насилство предвидено во член 386 став 6 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.
Осомничените, на возраст од 39 и 31 година, на 24 јули во скопското село Орешани извршиле грубо насилство и ја загрозиле сигурноста на едно лице, за кое сметале дека украл лубеници од нивата на првоосомничениот.
Со товарно возило го следеле оштетениот додека тој со автомобилот се движел од Петровец кон селото Таор, се додека не се паркирал во дворот на куќата на неговиот внук во Орешани, се наведува во соопштението од Обвинителството.
Осомничените пристигнале веднаш по него, излегле од возилото и го нападнале. Насилно го извлекле оштетениот од возилото и го удирале со тупаници и шамари по главата и телото. Вториот осомничен извадил водоводџиски клешти од камионот, па и со нив го удирале се додека оштетениот не паднал во безсознание. Му нанеле тешки телесни повреди поради кои тој во живото- загрозувачка состојба е хоспитализиран на Клиниката за неврохирургија. Со дејствијата на насилство, кај сведокот – внукот на оштетениот и во јавноста предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв.
Ценејќи ги сите околности и ризици, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.
Uncategorized
Никоски: Најекономично и најисплатливо справување со отпадот е ако државата се подели на пет региони со пет депонии

Справувањето со отпадот, како едно од најаткуелните прашања, е возможно исклучиво со поставување и профункционирање на регионалениот систем за управување со отпадот, вели директорот на Управата за животна средина, Игор Никоски. Стручните пресметки и анализи покажале дека најекономично и најисплатливо е групирањето на општините и регионите во државата во 5 регионални системи за управување со отпадот, со 5 регионални санитарни депонии.
Источен Регион и Североисточен Регион – Мечкуевци во Свети Николе, Полошки Регион – Русино, општина Гостивар, Пелагониски Регион – Југозападен Регион – Мегленци, општина Новаци, Вардарски Регион – Југоисточен Регион – Доброшинци, општина Василево и Скопски Регион – Дрисла, Скопје.
„За Источниот и за Североисточниот Регион објавен е тендерот за изградба на централна постројка за управување со отпадот за двата региона во Свети Николе, како и изградба на 6 претоварни станици во Куманово, Ранковце, Штип, Виница, Македонска Каменица и во Берово. Паралелно ќе се одвива градбата на претоварните станици и на регионалната депонија. Додека не се изгради целиот систем, нема да се пушти во работа централната инсталација за управување со отпадот, односно телото на депонијата, постројката за механичко-биолошки третман, пречистителната станица, линијата за селекција и така натаму“, вели директорот Никоски.
Спроведени се активности за затварање на нестандардните депонии и ѓубришта. Во зависност од количината на отпадот, предвидени се три начини за справуавње со депониите.
Најмалите ѓубришта ќе бидат, едноставно, исчистени и отпадот ќе биде однесен на друга блиска непрописна депонија.
Одредени непрописни депонии ќе бидат преобликувани, отпадот ќе се компактира, ќе бидат прекриени со одредени слоеви, кои ќе ја вршат улогата на собирање депониски гас, ќе се собира депонискиот исцедок, ќе се изгради систем за собирање на површинските води, како и дренажен систем, финално запечатување на депонијата, како и раззеленување на последниот слој, На ваквите места Никоски вели дека ќе бидат поставени ограда и влезна капија, ќе бидат изведени сервисни сообраќајници и мерни места за земање примероци за мониторинг на квалитетот на водите и гасот. Оние непрописни депонии што ќе го прибираат отпадот, пак, сѐ до почнување со функционирање на меѓурегионалниот систем за управување со отпадот, ќе се извршат некои од горенаведените операции, без финално затворање и тие ќе останат во функција. „За конечно затворање на овие непрописни депонии, предвиден е друг проект (II фаза), кој ќе се реализира по изградбата на регионалната депонија во Мечкуевци, општина Свети Николе, а планиран во рамките на ИПА III. Обврската за одржување на исчистените локации останува на секоја општина во согласност со договорот потпишан со МЖСПП“, вели директорот Никоски.
Пари за овој проект се обезбедени од ИПА-фондовите и со национално кофинансирање. За Полошкиот Регион – Русино и за Пелагонискиот и за Југозападниот Регион – Мегленци, општина Новаци, проектите се реализираат со средства од заемот од ЕБРД. Никоски вели дека е пред крај подготовката на тендерската документација и се очекува во најбргу што може да се објават тендерите за градба, односно за реконструкција на регионалниот систем за управување со отпадот – Русино во Полошкиот Регион и претоварна станица во Тетово, претоварни станици во Дебар, Охрид и во Прилеп и затворање на депонијата во Новаци и надзор над работата.
Во моментот во тек е тендер за набавка на возила и контејнери за општините од Пелагонискиот и од Југозападниот Регион.
За Вардарскиот и за Југоисточниот Регион – регионална депонија во Доброшинци, во тек е тендерска постапка за изработка на плански документи, која исто така е финасирана со заемот од ЕБОР.
За Скопскиот Регион – Дрисла, пак, тече постапка за избор на консултант, кој треба да ги подготви сите неопходни документи за развој на депонијата „Дрисла“ и за воспоставување на регионалниот систем за Скопскиот Регион. Постапката за избор ја води ЕУ-делегација и целиот проект ќе биде финасиран со грант-средства од ЕУ.