Uncategorized
САД и Либија се договорија за обештетување на жртвите
САД и Либијасиноќа се договорија да се обидат да ги решат барањата за отштета по уривањетона американскиот патнички авион над шкотскиот град Локерби во 1988 година,соопшти Стејт Департментот.
САД и Либијасиноќа се договорија да се обидат да ги решат барањата за отштета по уривањетона американскиот патнички авион над шкотскиот град Локерби во 1988 година,соопшти Стејт Департментот.
Претставниците напреговарачките тимови изјавија дека се разгледува идејата за создавање светскифонд за обештетување што би им платил отштета на семејствата на Американците –жртви на терористички напади.
Двете странипреговараа две недели во Лондон во настојување да ги надминат случувањата штосо децении им пречеа на нивните односи и покрај подобрувањето по одлуката наЛибија во 2003 година да отстапи од оружјето за масовно уништување.
Во авионот, којпоради експлозија на подметната бомба падна во 1988 година, загинаа околу 270патници.
Либија веќе сесогласи да им исплати на семејствата по десет милиони долари по жртва и од тоаисплати 80 проценти.
/крај/он/ис
Copyright
2008
makfax
. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати илиемитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 м во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и во Струмица
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 м има во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и Струмица, соопштуваат од АМСМ.
„Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево“, посочуваат од АМСМ.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.