Uncategorized
ЕУ вознемирена од инцидентите во Македонија
Длабока вознемиреностза инцидентите во изборниот процес во Македонија изрази Канцеларијатана високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ, ХавиерСолана.
Длабока вознемиреностза инцидентите во изборниот процес во Македонија изрази Канцеларијатана високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ, ХавиерСолана.
„Ја следиме одблиску ситуацијата исме во постојан контакт со сите страни, преку нашиот амбасадор во земјата ЕрванФуере“, изјави вчера за телевизијата Алсат – М, портпаролот на Солана, КристинаГалак.
„Вознемирени сме од извештаите декаимало пукотници и жртви. Се надеваме дека ситуацијата многу брзо ќе се вратипод контрола“, изјави Галак.
Извори од словенечкотопретседателство со Европската Унија (ЕУ) за Алсат – М изјавиле дека одблиску јаследат состојбата во Македонија и оти штом ќе добијат потврда за инцидентите воАрачиново и Тетово ќе реагираат преку соопштение.
Еврокомесарот за проширување ОлиРен, шефот на словенечката дипломатија Димитриј Рупел и високиoт претставникСолана минатата недела неколку пати упатија повици за мирни, слободни и чесниизбори, согласно меѓународните стандарди, како услов за доблиѓување на земјатадо ЕУ.
/крај/ем/амп
Copyright 2008
makfax
. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина иливо делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 м во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и во Струмица
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 м има во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и Струмица, соопштуваат од АМСМ.
„Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево“, посочуваат од АМСМ.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.