Uncategorized
Сообраќајот во Шпанија се нормализира, протести во Азија
Сообраќајот во Шпанија денеска сенормализира, соопшти министерството за внатрешни работи, ден откако полицијатасе обиде да ги растера штрајкувачите, кои ја блокираа француско-шпанскатаграница.
Сообраќајот во Шпанија денеска сенормализира, соопшти министерството за внатрешни работи, ден откако полицијатасе обиде да ги растера штрајкувачите, кои ја блокираа француско-шпанскатаграница.
Полицијата во Шпанија приведе повеќеод 70 возачи на камиони, а владата потпиша договор со организациите напревозниците, кои не учествуваа во штрајкот, за ублажување на економскитепоследици од наглиот скок на цената на нафтата.
Во неколку дневните блокади напревозниците во Шпанија и Португалија поради скапото гориво, едно лице загина,а друго беше потешко повредено.
Состојбата со снабдувањето намаркетите, пазарите и рестораните стана драматична, а без гориво останааеродромот во Лисабон.
Високите цени на горивотопредизвикаа протести и во Азија. Повеќе илјади камионџии во Тајланд ги запреасвоите возила на половина ден, а синдикатот на превозниците и даде на владатарок до 17 јуни да ги намали цените на горивата, во спротивно заканувајќи се сопротест на над 400 илјади возачи.
Штрајкови има и во Индија, апротестите во Јужна Кореjа,поради растечките цени на горивото и на храната, се закануваат да доведат дооставка на владата. (крај)хи/мп
Copyright 2008
makfax
. Сите права се задржани. Текстовне смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 м во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и во Струмица
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 м има во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и Струмица, соопштуваат од АМСМ.
„Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево“, посочуваат од АМСМ.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.