Uncategorized
Најмалку шестмина загинати во земјотрес во Јапонија
Најмалку шестлица загинаа, стотина се повредени, а 12 се исчезнати во силниот земјотрес сојачина од 7,2 степени според Рихтер што денеска го погоди северниот дел наЈапонија, јавуваат медиумите.
Најмалку шестлица загинаа, стотина се повредени, а 12 се исчезнати во силниот земјотрес сојачина од 7,2 степени според Рихтер што денеска го погоди северниот дел наЈапонија, јавуваат медиумите.
Од првиот удар во8:43 по локално време, следеа стотина послаби земјотреси, кои предизвикуваатдополнителни лизгања и одрони и ја попречуваат работата на спасувачките екипи.
Официјални лицаизјавуваат дека среќна околност е што епицентарот на земјотресот бил во ретконаселена област, на околу 300 километри северно од Токио, но се стравува одпоголем биланс на загинати и повредени, бидејќи сè уште нема информации од отсечените подрачја.
Како што јавуваатмедиумите, луѓето се затрупани при лизгање на земјиштето, бањските хотели, алокалните брзи возови се запрени.
Многу патишта себлокирани со одрони, клизишта и кратери кои се отвориле од силината наземјотресот. На помош во изолираните населби се испратени и хеликоптери.
„Правиме сè што можеме. Најважно е да се спасатлуѓето, порача јапонскиот премиер Јасуо Фуџуда.
/крај/б/ст
Copyright
2008
makfax
. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати илиемитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 м во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и во Струмица
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 м има во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и Струмица, соопштуваат од АМСМ.
„Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево“, посочуваат од АМСМ.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.