Uncategorized
Африканците половина живот го минуваат во потрага по вода
Вкупното времекое секоја година мноштво жени и деца во Африка го минуваат во потрага по вода,изнесува над десет милиони години.
Вкупното времекое секоја година мноштво жени и деца во Африка го минуваат во потрага по вода,изнесува над десет милиони години.
Ова се наведува во извештајот наСветската здравствена оргаизација(СЗО), каде е направена паралела на воденитересурси и користењето на водата во западниот свет и народите во Африка.
Типична жена од западниот свет,својот ден го започнува со туширање и миење заби при што не ја затвора чешмата.Уште пред да појадува, има потрошено вода со која би се наполнила када сопросечна големина. До крајот на денот таа троши над 350 литри вода.
Случајот со жените од Африка иделови на Азија, сосема е поинаков.
Тие стануваат уште пред зората,ставаат голем сад на главата и пешачат понекогаш и по десетина километри донајблиската река или извор. Таму се капат, полнат вода и потоа се враќаат дома.За оваа цел секојдневно трошат во просек по четири часа.
Во наредниот период од денот, тие јафилтрираат водата, за да ги отстранат паразитите, и ја делат во три сада- еденза пиење, друг за употреба во домаќинството и трет за вечерно капење. Со оваавода тие на раце ја перат и облеката.
Недостатокотна вода во светот засега четири од десет жители на планетата, а ситуацијата одден на ден е се полоша, предупредуваат експертите./повеќе во рубрика ТемаCopyright 2008 makfax. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати илиемитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 м во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и во Струмица
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 м има во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и Струмица, соопштуваат од АМСМ.
„Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево“, посочуваат од АМСМ.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.