Uncategorized
Повеќе од половина од енергијата во ЕУ се увезува
Европската унијаво 2006 година потрошила енергија од 1825 милиони тони нафтен еквивалент (тое),а зависноста од увозот на енергија изнесува 54 насто.
Европската унијаво 2006 година потрошила енергија од 1825 милиони тони нафтен еквивалент (тое),а зависноста од увозот на енергија изнесува 54 насто.
Според податоците на Евростатпотрошувачката на енергија во ЕУ во 2006 година останала непроменета во односна претходната година, а производството се намалило за 2,3 насто на 871 милионтое (1 тое претставува енергија, што се добива од тон нафта).
Најголема стапка на зависност одувоз на енергија има Кипар (102 насто), Малта (100) Луксембург (99 насто),Ирска (91 процент) и Италија (87 насто).
Најмалку увезувале Полска (20насто), Велика Британија (21 насто), Чешка (28) и Романија (29 проценти). Од друга страна Данска е нето извозник наенергија со зависност од увозот од минус 36,8 насто.
Најголеми производители на енергијаво ЕУ се Велика Британија, Германија, Франција и Полска, кои произвеле 60 настоод целокупната енергија во унијата.
Најголем удел во производството наенергија во ЕУ отпаѓа на атомската енергија (29 насто), па следуваат цврститегорива (22), гасот (20), обновливите извори (15 проценти) и сурова нафта (14насто).
Во увозот на енергија во 2006 годинапреовладувала нафтата (60 насто) и гасот (26 проценти), а најзначајнидобавувачи се Русија и Норвешка.
Вкупното примарно производствона енергија во Македонија во 2006 година било доволно за задоволување на 55,3отсто од вкупно потребната енергија,соопшти деновиве Државниот заводза статистика.
Најголемифинални потрошувачи на енергија во 2006 година биле индустријата со 34 отсто,домаќинствата со 29,1 отсто и сообраќајот со 20,2 отсто од расположливатафинална потрошувачка. (крај)ста/мп
Copyright
2008
makfax
. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати илиемитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.
Uncategorized
(Видео) Владата ги намали парите за загаден воздух за 50 отсто во споредба со лани, рече Лукаревска и праша кои конкретни мерки се преземени
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница посветена на пратенички прашања го праша министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, за кратењето на буџетските средства за заштита на животната средина и за тоа како Владата планира да се справи со аерозагадувањето кога од година на година ги намалува средствата за оваа намена.
„Во ребалансот на буџетот за 2025 година – заштитата на животната средина како функција на државата има евидентно намалување на буџетските средства за 13,4 % во износ од 868 милиони денари помалку сведувајќи се од 6,4 милијарди на речиси 5,6 милијарди денари за фискалната година. Најголемата промена е во ставката – намалување на загадувањето, каде што првично планираните 3,2 милијарди денари се сведуваат на 2,6 милијарди денари, што претставува приближно 19 % намален буџет, а во однос на претходната година планирано е тој да се намали за 48,2 %, тоа е речиси 50 %“, рече Лукаревска.
Таа нагласи дека е несвојствено да се кратат средства за области кои се рак рана на општеството и изрази загриженост за тоа како ќе се справиме со загадувањето, кој ќе биде третманот за отпадни води, како ќе ја заштитиме природата, каков квалитет на воздухот ќе имаме, како ќе се зајакне надзорната функција на Државниот инспекторат за труд и како ќе се унапредува животната средина.
„Моето прашање е кои конкретни мерки ги преземате како Влада, односно како ресорно министерство во борбата против аерозагадувањето имајќи го предвид фактот дека од година на година со секој буџет и ребаланс на буџетот ги намалувате средствата за справување со овој огромен проблем ?“, праша Лукаревска.
Лукаревска постави прашање и до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за неисполнувањето на обврските од реформската агенда, односно обврските за три реформи, кои се однесуваат на подобрување на деловната клима за малите и средните претпријатија.
Uncategorized
Израелски напад врз училиште во Појасот Газа
Петмина Палестинци загинаа при израелскиот напад врз училиште во квартот Ал Туфа, источно од градот Газа, каде се сместени раселени лица.
Помеѓу загинатите има и деца. При нападот повредени се и повеќе лица кои се хоспитализирани.
Израелската армија соопшти дека неколку осомничени лица се идентификувани надвор од обележаната линија за прекин на огнот и оти отвориле оган врз нив.
Хамас нападот го оцени како „брутално злосторство“ и уште едно кршење на Договорот за прекин на огнот.
Според палестинското Министерство за здравство во Газа, од стапувањето во сила на Договорот за прекин на огнот, убиени се 400 Палестинци.

