Uncategorized
Откриено езеро на сатурновата месечина Титан
Американскитенаучници соопштија дека на површината на Титан, оддалечена месечина напланетата Сатурн, се наоѓа езеро.
Американскитенаучници соопштија дека на површината на Титан, оддалечена месечина напланетата Сатурн, се наоѓа езеро.
Спореднаучниците, езерото е во форма на стопало, со големина на Онтарио, коенајверојатно е исполнето со течен јаглероводород, соединение што постои и наЗемјата.
Ова, со исклучокна Земјата, е прв резервоар со течност забележан во нашиот планетарен систем.
Фотографиите гиснимило леталото Касини, која во 2004. година започна да го истражува Сатурн инеговите сателити.
„Ова е првиотнесомнен доказ за постоење на течност и течен јаглероводород на Титан“, изјавиРоберт Браун, професор на планетарни науки на Универзитетот Аризона во Туксон.
Езерото се наоѓана јужниот дел на Титан, а повеќе слични површини се забележани и во северниотдел, па научниците претпоставуваат дека месечината е покриена со мориња,односно езера од јаглероводород.
Откритието гипотврдува претходните претпоставки дека на Титан има хидролошки циклус сличенна оној на Земјата. Но, за разлика од водата на Земјата, на Титан облаците идождот ги создаваат метанот и етанот.
Научницитесметаат дека НАСА и Европската вселенска агенција би можеле да испратат сондишто би слетале во езерата.
Титановото темноезеро е наречено Онтарио ЛаКус. Научниците ги збунува фактот што на езеротонема бранови.
По јупитеровиотсателит Ганимед, Титан е втора најголема месечина во Сончевиот систем и поголеме од Меркур.
/крај/фо/ст
Copyright
2008
makfax
. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати илиемитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.
Uncategorized
Автомобил удри во заштитна ограда кај Градско, повредени две жени
На регионалниот пат Градско-Неготино во близина на мостот на Црна река, автомобил со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.П.(47) од Градско, удрило во заштитна метална ограда.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Н.М.(57), а со телесни повреди се здобила сопатничката Б.П.(45), двете од Градско, констатирани во болницата во Велес.
Извршен е увид.