Uncategorized
Квашњевски би сакал да биде Генерален секретар на ООН
Полскиот претседател Александар Квашњевски е заинтересиран да биде Генерален секретар на Обединетите нации, откако кон крајот на идната година од таа функција ќе се повлече Кофи Анан.
Полскиот претседател Александар Квашњевски е заинтересиран да биде Генерален секретар на Обединетите нации, откако кон крајот на идната година од таа функција ќе се повлече Кофи Анан.
„Не кажувам да, но не кажувам и не“, изјави Квашњевски на денешното прашање дали идната година ќе се кандидира за функцијата прв човек на ООН.
До година ќе имам многу слободно време и би можел да се кандидирам, додаде полскиот претседател, кој сепак рече дека тоа ќе зависи од реформите во ООН и од притисокот што го прават од другите региони во светот./крај/бгнес/б
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.
Uncategorized
Автомобил удри во заштитна ограда кај Градско, повредени две жени
На регионалниот пат Градско-Неготино во близина на мостот на Црна река, автомобил со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.П.(47) од Градско, удрило во заштитна метална ограда.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Н.М.(57), а со телесни повреди се здобила сопатничката Б.П.(45), двете од Градско, констатирани во болницата во Велес.
Извршен е увид.