Uncategorized
Кинеската полиција не смее да се меша во работата на новинарите
Кинеската полиција нема да смееда се меша во работата на странските новинари кои ќе известуваат за Олимпискитеигри во Пекинг.
Кинеската полиција нема да смееда се меша во работата на странските новинари кои ќе известуваат за Олимпискитеигри во Пекинг.
Оваго објави агенцијата Ројтерс, која што имала увид во интерните документи налокалните безбедносни служби.
Спорединформациите, во еден од тие документи се наведува дека полицијата не смее даинтервенира доколку некој протестира против кинеската влада, кога станува зборза забранетото движење Фалун Гонг, потоа за Тибет, независноста на Тајван илиКсинџанг. Интервенцијата е единствено можна доколку тие говори или протести„соберат поголем број луѓе и го попречат јавниот ред“.
Припадницитена полицијата, според интерните документи, нема да смеат да им забрануваат нафоторепортерите и снимателите да ја извршуваат својата работа.
Полицијатанема да смее да ги приведува новинарите, ниту да ја запленува нивната опрема заработа.
„Странскитеновинари ќе имаат дозвола да снимаат на плоштадот Тјенанмен“, потврдилнеименуван претставник на полицијата во Пекинг.
Кинескатаагенција Ксинхуа наведува дека сите новинари мораат за сликање или снимање наТјенанмен да се пријават 24 часа порано.
/крај/бе/амп
Copyright
2008
makfax
. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати илиемитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.
Uncategorized
Автомобил удри во заштитна ограда кај Градско, повредени две жени
На регионалниот пат Градско-Неготино во близина на мостот на Црна река, автомобил со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.П.(47) од Градско, удрило во заштитна метална ограда.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Н.М.(57), а со телесни повреди се здобила сопатничката Б.П.(45), двете од Градско, констатирани во болницата во Велес.
Извршен е увид.