Uncategorized
САД подигна обвинение против 11 хакери
Обвинение против 11 хакери, за кои постои основано сомневање дека нанелемултимилионска штета на банки и трговски фирми, покрена денеска американскиот Секретаријатза правосудство.
Обвинение против 11 хакери, за кои постои основано сомневање дека нанелемултимилионска штета на банки и трговски фирми, покрена денеска американскиот Секретаријатза правосудство.
Во обвинението се наведува дека хакерите користеле и препродале повеќе од40 милиони броеви на кредитни и дебитни картички.
Само тројца од обвинетите седржавјани на САД, останатите се од Естонија, Украина, Белорусија и Кина.
Противнив е поднесена кривична пријава за заговор, компјутерско ограбување, измама икражба на идентитетот.
Тие на компјутерите на оштетените фирми успевале даинсталираат програми за регистрирање на броеви на кредитните картички, шифри,информации за банкарски сметки, по што истите ги користеле или ги продавале.
/макфакс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.
Uncategorized
Автомобил удри во заштитна ограда кај Градско, повредени две жени
На регионалниот пат Градско-Неготино во близина на мостот на Црна река, автомобил со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.П.(47) од Градско, удрило во заштитна метална ограда.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Н.М.(57), а со телесни повреди се здобила сопатничката Б.П.(45), двете од Градско, констатирани во болницата во Велес.
Извршен е увид.