Uncategorized
ЕУ повика на прекин на судирите во Грузија
Европската унија(ЕУ) е многу загрижена поради судирите во Јужна Осетија и ги повикува ситестрани да прекинат со насилствата.
Европската унија(ЕУ) е многу загрижена поради судирите во Јужна Осетија и ги повикува ситестрани да прекинат со насилствата.
“Внимателно гиследиме настаните, многу сме загрижени поради развојот на ситуацијата. Јаповторуваме нашата порака до сите страни неодложно да го прекинат насилството“,изјави анонимен претставник на ЕУ во Брисел.
Тој потенцирашедека ЕУ е во контакт со меѓународните партнери, вклучително и Русија, САД,Грузија и Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ).
Во престолнинатана грузискиот сепаратистички регион Јужна Осетија денеска избија судири поофанзивата на грузиската војска и борбените авиони кои настојуваат повторно да ја стават подконтрола оваа област.
/крај/он/ис
Copyright 2008
makfax
. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина иливо делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.
Uncategorized
Автомобил удри во заштитна ограда кај Градско, повредени две жени
На регионалниот пат Градско-Неготино во близина на мостот на Црна река, автомобил со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.П.(47) од Градско, удрило во заштитна метална ограда.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Н.М.(57), а со телесни повреди се здобила сопатничката Б.П.(45), двете од Градско, констатирани во болницата во Велес.
Извршен е увид.