Uncategorized
Грузискиот претседател потпиша примирје со Русија
Грузискиотпретседател Михаил Сакашвили попладнево изјави дека потпишал прекин на огнот соРусија, со кој се заштитуваат интересите на Грузија и покрај отстапкитенаправени кон Москва.
Грузискиотпретседател Михаил Сакашвили попладнево изјави дека потпишал прекин на огнот соРусија, со кој се заштитуваат интересите на Грузија и покрај отстапкитенаправени кон Москва.
Државниотсекретар на САД Кондолиза Рајс пред Сакашвили рече дека добила уверување одрускиот претседател Димитри Медведев дека и тој ќе го потпише документот.
„Откако Грузијапотпиша, примирјето мора веднаш да стапи на сила“; рече Рајс.
Сакашвилирече дека Русија ја протолкувала затворената врата од НАТО за Грузија, какокапитулација
Американскиотпретседател Џорџ Буш денеска ја предупреди Русија да ги повлече своите трупи одГрузија или во спротивно ќе се соочи со меѓународна изолација, во истиот моменткога неговиот државен секретар пристигна во Тбилиси за да издејствува договорза прекин на огнот.
Во воинствената изјава, Буш јанападна руската надворешна политика, нарекувајќи ја „силеџиска и заканувачка“ иоцени дека таквата политика е неодржлива во 21 век.
Неговата изјава дојде еден деноткако властите на САД ја обвинија Русија за водење на политика на „спрженаземја“ против Грузија.
Буш го нагласи заедничкиотамериканско-европски дипломатски одговор на рускиот воен напад, што уследи какоподдршка на сепаратистите во отцепената Јужна Осетија.
Истовремено, германската канцеларкаАнгела Меркел водеше разговори со претседателот Медведев во Сочи, одмаралиштена Црното Море во близина на Грузија. Меркел изрази поддршка за евентуалноточленство во НАТО на Грузија и Ураина.
Таа уште додаде дека акциите на Русија против Грузија биле „непропорционални“ ипобара повлекување на руските трупи од централните грузиски области.
Сите тројца западни политичари гоповторија истото барање – Русија да ги повлече своите војници и да ги почитувапостоечките граници на Грузија.
Рајс пристигна во Тбилиси утринава,додека на договорот за прекин на огнот се уште не стоеше грузиски потпис.
Договорот предвидува Москва да гиповлече своите борбени сили од Грузија, но дозволува руски мировници да останатво Јужна Осетија и да вршат ограничено патролирање вон тој регион.
Исто така, договорот не ја обврзуваРусија да го почитува територијалниот интегритет на Грузија, и наместо тоаспоменува само грузиска „независност“ и „суверенитет“. Буш изјави дека САД гипочитуваат и суверенитетот и територијалниот интегритет на Грузија – т.е.нејзините сегашни граници.
Москва не прифаќа дека Јужна Осетијаи Абхазија се дел од Грузија и денеска претседателот Медведев го повторируското тврдење дека не е можно Грузија безбедно да владее на целататериторија./крај/тајмс/бн/
Copyright
2008
makfax
. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати илиемитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Стравична несреќа на автопатот Скопје–Куманово: Две возила целосно изгореа по судир, еден тешко повреден
Синоќа на автопатот Скопје – Куманово, пред клучката за обиколницата на главниот град, се случила тешка сообраќајна несреќа во која двете возила што се судриле целосно изгореле.
Според информациите од полицијата, судирот се случил помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 25-годишниот А.В. од селото Бујковци, и товарно возило „мерцедес“ со полуприколка, со неготински таблички, управувано од Љ.Д. (56) од село Брест, штипско.
По ударот, двете возила се запалиле и целосно изгореле. Во несреќата, возачот на патничкото возило се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му била укажана лекарска помош.
На местото на несреќата излегла увидна екипа.
Фото: илустрација (depositphotos)
Uncategorized
Бајден: Знаеме кои сме, време е да му го покажеме тоа на светот и на самите себе
Џо Бајден им се придружи на американските претседатели од редовите на Демократската партија во осудата на смртоносната пукотница во Минеаполис. Коментирајќи ја веста дека федералните агенти го убиле 37-годишниот медицински техничар Алекс Прети, Бајден рече дека чинот претставува „предавство на најосновните вредности на Американците“.
Во изјавата во која се повикува на уставното право на правична постапка, Бајден рече: „Ние не сме земја што пука во своите граѓани на улица. Ние не сме земја што дозволува бруталност врз граѓаните за остварување на нивните уставни права. Ние не сме земја што го гази Четвртиот амандман и толерира тероризирање на нашите соседи“.
„Луѓето од Минесота нè потсетија на сè што значи да се биде Американец, а тие веќе претрпеа премногу под оваа администрација. Насилството и теророт немаат место во САД, особено кога нивната сопствена влада ги таргетира американските граѓани“, додаде тој.
Во малку прикриена критика кон Доналд Трамп, чија администрација се соочува со растечки критики за тактиките за имиграција, Бајден истакна: „Никој не може да го уништи она за што се залага и во што верува Америка, дури ни претседателот, ако ние, целата Америка, се заложиме и проговориме“.
„Знаеме кои сме. Време е да го покажеме тоа на светот. Уште поважно, време е да го покажеме и на самите себе“, истакна тој. Тој повика на „целосни, фер и транспарентни“ истраги за „бесмислените“ убиства на Прети и Рене Гуд.
Изјавата на Бајден следува по осудите што ги упатија претходно Барак Обама и Бил Клинтон. И двајцата ги повикаа Американците да проговорат и предупредија дека основните американски вредности се нападнати по засилената репресија на администрацијата на Трамп против имиграцијата во Минеаполис.
По напуштањето на функцијата, Бајден претежно се држеше подалеку од јавноста. Тој моментално се лекува од рак на простата и е ангажиран во пишување мемоари и развивање на претседателската библиотека.
Неговите изјави доаѓаат во време кога многу демократи се незадоволни од неговата одлука да остане претседателски кандидат на партијата долго време во текот на изборниот циклус во 2024 година, потег што критичарите го оценија како ослабување на моментумот на партијата.
Бајден на крајот ѝ ја отстапи номинацијата на потпретседателката Камала Харис, која Трамп ја победи и освои втор мандат во Белата куќа.
Uncategorized
Најдено тело на четиригодишно дете кое паднало oд брод со мигранти
Крајбрежната стража на Грција вчеравечер уапси маж кој со брод се обидел да избега додека криумчарел мигранти, додека пак пред два дена, по дојава дека биле истоварени мигранти кај Икарија, властите пронашле тело на четиригодишно дете.
Патрола на крајбрежната стража го забележала бродот како се движи со голема брзина кон западниот брег на Хиос, по што започнала потера, а криумчарот отишол кон плажата Гларој каде ги „истоварил“ сите патници кои избегали.
Подоцна, Крајбрежната стража и локалната полиција подоцна пронајдоа 16 мажи, 11 жени и девет деца, по што биле однесени во прифатен центар на Хиос.

