Uncategorized
Германија ја заштитува економијата
Германската влада донесе закон со кој сеовозможува ограничување и стопирање на вложувања од странски фондови во деловиод германската економија кои се сметаат за стратешки и осетливи.
Германската влада донесе закон со кој сеовозможува ограничување и стопирање на вложувања од странски фондови во деловиод германската економија кои се сметаат за стратешки и осетливи.
Владата сака да го спречи напливот на моќни економски фондови надвор одЕвропската Унија и ЕФТА, а особено на државните фондови од Русија, Кина иарапските земји во осетливите подрачја на германската економија, особено вовоената и енергетската индустрија.
Во случај на обид за преземање на повеќе од 25 отсто во некоја од компаниитекоја се смета за стратешки важна, владата има право на вето доколку дојде досознанија дека со вложувањата би бил загрозен јавниот поредок и безбедноста наГерманија.
Сојузот на германските индустријалци утврдил дека странците во Германија држатпреку 430 милијарди евра и оти од надворешниот капитал зависат повеќе од двамилиона работни места.
Законот мора да мине и во парламентот.
/крај/амп/ил
Copyright
2008
makfax
. Сите права се задржани. Текстовне смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.
Uncategorized
Автомобил удри во заштитна ограда кај Градско, повредени две жени
На регионалниот пат Градско-Неготино во близина на мостот на Црна река, автомобил со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.П.(47) од Градско, удрило во заштитна метална ограда.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Н.М.(57), а со телесни повреди се здобила сопатничката Б.П.(45), двете од Градско, констатирани во болницата во Велес.
Извршен е увид.