Uncategorized
Уапсени исламисти што планирале напади во Франција
Седум лица, осомничени членови на исламистичка група, кои подготвувале атентати во Франција се уапсени утрината во Париз и Нормандија.
Седум лица, осомничени членови на исламистичка група, кои подготвувале атентати во Франција се уапсени утрината во Париз и Нормандија.
Апсењата се дел од операцијата на службите за борба со тероризмот, соопштија упатени извори, за западните агенции.
“Се сомневаме дека тие сакале да извршат атентати во Франција. Имало заговор, доставувале оружје, но немало јасен план за атентат”, прецизираат изворите.
Уапсените се членови на движењето “Салафистичка група за проповед и борба”, главната вооружена алжирска исламистичка група, која е верна на “Ал Каида” и “светскиот џихад”.
Истрагата започнала уште во февруари 2003 година. Службите следеле маж, ослободен од затвор откако одлежал казна затвор за престап поврзан со тероризам. Осомничените се уапсени во Ивлин, југозападно од Париз и Јур, департмент во Нормандија./крај/бгнес/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.
Uncategorized
Автомобил удри во заштитна ограда кај Градско, повредени две жени
На регионалниот пат Градско-Неготино во близина на мостот на Црна река, автомобил со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.П.(47) од Градско, удрило во заштитна метална ограда.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Н.М.(57), а со телесни повреди се здобила сопатничката Б.П.(45), двете од Градско, констатирани во болницата во Велес.
Извршен е увид.