Uncategorized
Рускиот парламент побара признавање на Абхазија и Јужна Осетија
Советот на Федерацијата, Горниот дом на рускиот парламент се произнесе запризнавање на грузиските сепаратистички области Абхазија и Јужна Осетија.
Советот на Федерацијата, Горниот дом на рускиот парламент се произнесе запризнавање на грузиските сепаратистички области Абхазија и Јужна Осетија.
Сенаторите едногласно ја прифатија декларацијата со која што го повикуваатрускиот претседател Дмитриј Медведев да ја признае независноста на дветеобласти.
Декларацијата беше донесена на вонредна седница, пренесувана директнона телевизија. „Русија повеќе од 15 години ја почитува територијалната целостна Грузија“, изјави претседателот на Советот на Федерацијата, Сергеј Миронов напочетокот од седницата.
„Денес, по агресијата на Грузија врз Јужна Осетија,односите веќе никогаш нема да бидат исти“, подвлече тој, оценувајќи ја како„геноцид“ офанзивата на грузиските сили во сепаратистичката област.
„НитуАбхазија, ниту Јужна Осетија ќе живеат во една држава со Грузија“, изјави одсвоја страна претседателот на Абхазија, Сергеј Багапш./макфакс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.
Uncategorized
Автомобил удри во заштитна ограда кај Градско, повредени две жени
На регионалниот пат Градско-Неготино во близина на мостот на Црна река, автомобил со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.П.(47) од Градско, удрило во заштитна метална ограда.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Н.М.(57), а со телесни повреди се здобила сопатничката Б.П.(45), двете од Градско, констатирани во болницата во Велес.
Извршен е увид.