Uncategorized
Чеченскиот претседател за независност на Абхазија и Јужна Осетија
Прорускиот чеченски претседател, Рамзан Кадиров денеска ја поддржа независностана Абхазија и Јужна Осетија, истакнувајќи дека за тие две сепаратистичкиобласти во Грузија, независноста претставува „прашање за живот или смрт“.
Прорускиот чеченски претседател, Рамзан Кадиров денеска ја поддржа независностана Абхазија и Јужна Осетија, истакнувајќи дека за тие две сепаратистичкиобласти во Грузија, независноста претставува „прашање за живот или смрт“.
„Јужна Осетија и Абхазија се жртви на составната грузиска агресија и имаатправо на самоопределување. За нив тоа е прашање на живот или смрт и никој немаправо на цели народи да им се заканува со истребување“, изјави Кадиров. Спореднего, „со признавање на независноста на Абхазија и Јужна Осетија ќе се решипрашањето на мирот и стабилноста во кавкаскиот регион“./макфакс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.
Uncategorized
Автомобил удри во заштитна ограда кај Градско, повредени две жени
На регионалниот пат Градско-Неготино во близина на мостот на Црна река, автомобил со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.П.(47) од Градско, удрило во заштитна метална ограда.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Н.М.(57), а со телесни повреди се здобила сопатничката Б.П.(45), двете од Градско, констатирани во болницата во Велес.
Извршен е увид.