Uncategorized
Медведев ја оправда одлуката со примерот на Косово
Рускиотпретседател Дмитриј Медведев денеска го спомена примерот со Косово за да јаоправда одлуката на Москва да ги признае регионите Јужна Осетија и Абхазијакако независни држави.
Рускиотпретседател Дмитриј Медведев денеска го спомена примерот со Косово за да јаоправда одлуката на Москва да ги признае регионите Јужна Осетија и Абхазијакако независни држави.
“Го направивмеона што останатите држави го направија со Косово и со другите проблеми“, речеМедведев во интервју за Би-Би-Си, без да го објасни овој став.
Тој, обвинувајќиго грузискиот претседател Михаил Сакашвили дека организирал “геноцид“ во ЈужнаОсетија, укажа дека Москва морала да реагира за да ги заштити жителите на овојбунтовнички регион.
Русија се противина независноста на Косово, што досега го признаа 45 држави. Одлуката на Москвада ги признае грузиските бунтовнички региони предизвика критики во САД и воевропските држави.
/крај/он/ис
Copyright 2008
makfax
. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина иливо делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.
Uncategorized
Автомобил удри во заштитна ограда кај Градско, повредени две жени
На регионалниот пат Градско-Неготино во близина на мостот на Црна река, автомобил со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.П.(47) од Градско, удрило во заштитна метална ограда.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Н.М.(57), а со телесни повреди се здобила сопатничката Б.П.(45), двете од Градско, констатирани во болницата во Велес.
Извршен е увид.