Uncategorized
Протести во Ингушетија поради убиство на новинар
Над илјада лица синоќа протестираа во рускиот регионИнгушетија поради убиството на новинарот Магомед Јевљајев, јавуваат агенциите.
Над илјада лица синоќа протестираа во рускиот регионИнгушетија поради убиството на новинарот Магомед Јевљајев, јавуваат агенциите.
Локалната полиција соопшти дека Јевљајев бил застрелан случајно во обид да муодземе пиштол на еден полицаец. Симпатизерите на новинарот и припадници нагрупата за заштита на човековите права не веруваат во оваа верзија наприказната.
“Демонстрациите ќе продолжат се додека претседателот Зјазиков и министерот завнатрешни работи Муса Медов не поднесат оставка“, изјави еден од организаторитена протестите Магомед Хазбијев.
Јевљајев постојано доаѓаше во судир со лидерот на Ингушетија Мурат Зјазиков,кого го поддржува Кремљ, а неговиот Интернет сајт беше цел на властите коисакаа да го затворат.
/крај/б92/ис
Copyright
2008
makfax
. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печатиили емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.
Uncategorized
Автомобил удри во заштитна ограда кај Градско, повредени две жени
На регионалниот пат Градско-Неготино во близина на мостот на Црна река, автомобил со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.П.(47) од Градско, удрило во заштитна метална ограда.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Н.М.(57), а со телесни повреди се здобила сопатничката Б.П.(45), двете од Градско, констатирани во болницата во Велес.
Извршен е увид.