Uncategorized
Јункер: Лисабонскиот договор нема да стапи на сила пред 2010
Премиерот наЛуксембург Жан-Клод Јункер денеска во Брисел изјави дека не е “реално“ да сеочекува Лисабонскиот договор да стапи на сила пред 2010 година.
Премиерот наЛуксембург Жан-Клод Јункер денеска во Брисел изјави дека не е “реално“ да сеочекува Лисабонскиот договор да стапи на сила пред 2010 година.
“Не верувам декадоговорот ќе стапи на сила во јуни, кога ќе бидат наредните (европски) избори(во јуни 2009 година)“, рече Јункер.
Тој додаде декатогаш, договорот би требало да го ратификуваат сите држави-членки на ЕУ докрајот на февруари, а “тоа не е реално да се очекува“.
“Мислам декаспогодбата ќе стапи на сила околу 1 јануари 2010 година“, додаде премиерот наЛуксембург.
Лисабонскатаспогодба со која се предвидува проширената ЕУ подобро да функционира, јаблокираше Ирска, единствена држава што тоа го одби на својот референдум на 12јуни.
Сите држави наЕУ, вкупно 27, треба да ја ратификуваат спогодбата за да стапи на сила.
/крај/бе/ис
Copyright 2008
makfax
. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина иливо делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.
Uncategorized
Автомобил удри во заштитна ограда кај Градско, повредени две жени
На регионалниот пат Градско-Неготино во близина на мостот на Црна река, автомобил со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.П.(47) од Градско, удрило во заштитна метална ограда.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Н.М.(57), а со телесни повреди се здобила сопатничката Б.П.(45), двете од Градско, констатирани во болницата во Велес.
Извршен е увид.