Uncategorized
Повредени 10 луѓе во експлозија во Баскија
Најмалку 10 луѓесе полесно повредени денеска во експлозијата на автомобил бомба пред полицискастаница во крајбрежниот град Ондара во шпанската област Баскија, соопштијалокалните власти.
Најмалку 10 луѓесе полесно повредени денеска во експлозијата на автомобил бомба пред полицискастаница во крајбрежниот град Ондара во шпанската област Баскија, соопштијалокалните власти.
Претходно, баскиската полицијасоопшти дека седум луѓе се повредени во експлозијата.
„Нема сомнежи дека целта била да сеубијат што е можно повеќе луѓе“, изјави претставникот на локалната власт,Хавијер Балза.
Меѓу повредените има тројцаполицајци, а останатите се случајни минувачи.
Четири часа пред експлозијата воОндара, во баскиската престолнина Виторија се случила уште една големаексплозија на автомобил бомба.
Полицијата пред нападот во Виторијадобила повик од баскиската сепаратистичка организација ЕТА, додека за нападотво Онадара не била предупредена.
/крај/бе/амп
Copyright
2008
makfax
. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати илиемитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.
Uncategorized
Автомобил удри во заштитна ограда кај Градско, повредени две жени
На регионалниот пат Градско-Неготино во близина на мостот на Црна река, автомобил со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.П.(47) од Градско, удрило во заштитна метална ограда.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Н.М.(57), а со телесни повреди се здобила сопатничката Б.П.(45), двете од Градско, констатирани во болницата во Велес.
Извршен е увид.