Uncategorized
Азилантите ја чинат Германија 1,31 милијарди евра
Германија лани од буџетот издвоила 1,31 милијарди евра за издржување на азилантите, соопшти синоќа Сојузниот завод за статистика во Висбаден.
Германија лани од буџетот издвоила 1,31 милијарди евра за издржување на азилантите, соопшти синоќа Сојузниот завод за статистика во Висбаден.
Парите се потрошени за издржување на вкупно 230.000 азиланти, колку што биле евидентирани во земјата на крајот на 2004 година, што сепак, е најниско ниво во последната деценија.
Оваа бројка на азиланти во однос на 2003 година е пониска за 12,9 отсто и трошоците за нивно издржување опаднале за 9,7 отсто.
Германија најмногу азиланти издржувала во 1996 година – 490.000, за кои трошоците изнесувале рекордни 2,9 милијарди евра.
Во првите шест месеци од годинава, до германските власти се поднесени нови 14,428 барања за издавање азил. Подносителите во најголем дел се државјани на Србија и Црна Гора. /крај/б/ег/б
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.
Uncategorized
Автомобил удри во заштитна ограда кај Градско, повредени две жени
На регионалниот пат Градско-Неготино во близина на мостот на Црна река, автомобил со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.П.(47) од Градско, удрило во заштитна метална ограда.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Н.М.(57), а со телесни повреди се здобила сопатничката Б.П.(45), двете од Градско, констатирани во болницата во Велес.
Извршен е увид.